klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

САД извршија нови воздушни напади врз Иран по загинувањето на двајцата американски војници во Јордан

САД извршија нови воздушни напади врз Иран по загинувањето на двајцата американски војници во Јордан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 07:29:34

Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на способноста на Иран да го попречува сообраќајот на нафтени танкери низ стратешки важната Ормуска Теснина. Во меѓувреме, ирански медиуми јавија дека американските сили синоќа извршиле напади во близина на јужниот ирански град Сирик. Одбранбените сили вчера соопштија дека двајцата американски војници загинале во Јордан за време на заедничка операција на американските и на партнерските сили против напад со ирански балистички ракети и со беспилотни летала. Еден војник се води како исчезнат, додека четворица други биле хоспитализирани во Јордан и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti