Претседателот Костадиновски на работна средба со Озкаја, претседателот на турскиот Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусебната комуникација, размена на добри практики и организирање идни заеднички активности од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), како и на можностите за понатамошна меѓународна афирмација на Форумот во пресрет на европските и светските конгреси на уставните судови. Претседателот Костадиновски го запозна претседателот Озкаја со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд на Република Македонија, како и со активностите што Судот ги презема за унапредување на транспарентноста, отвореноста кон јавноста и справувањето со дезинформациите, лажните вести и манипулациите поврзани со неговата работа. Воедно, претседателот Костадиновски изрази благодарност до Уставниот суд на Република Турција и до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за континуираната поддршка што ја обезбедуваат за Уставниот суд на Република Македонија. „Уставните судови, преку заемна соработка и размена…
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?

ФИФА пред почетокот на Мундијалот донесе правило кое нема да им се допадне на клубовите
