klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кривичниот суд во Скопје се чисти од старите предмети, заостанатите случаи се преполовени за една година

Кривичниот суд во Скопје се чисти од старите предмети, заостанатите случаи се преполовени за една година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 07:10:58

Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како стари предмети се сметаат предмети што се во судските лавиринти повеќе од две години. Држењето на предметите во фиока и ризикот за застареност е една од најголемите забелешки за македонското судство изминативе години. Судот нотира дека овој тренд за решавање на старите предмети директен резултат на континуираните активности насочени кон зголемување на ефикасноста во постапувањето. Судот изминатава година ја променил и политиката на изрекување на мерката притвор, како најстрога мерка за обезбедување. Незаконските и долгите притвори исто така беа забелешка за работењето на македонското судство. Има зголемување на склучени спогодби меѓу судот и обвинетите, што пак, го намалува времетраењето на судската постапка и трошоците. Така ако во првиот квартал од годинава биле склучени само 4 спогодби, од април до сега кривичните судии успеале пак, да постигнат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti