Svijet10010 vijesti
SvijetИзраел ја уништи подземната инфраструктура на Хезболах во јужен Либан
Соединетите Американски Држави беа известени однапред за нападот, чија цел беше тунел долг 200 метри во местото Маџдал Зун, според соопштението на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Нападот се случи два дена откако Либан и Израел постигнаа договор за безбедност, посредуван од САД, со цел намалување на непријателствата по должината на […] The post Израел ја уништи подземната инфраструктура на Хезболах во јужен Либан appeared first on МКД.МК.
SvijetСобранието ќе одржи три седници
Собранието денеска ќе одржи три седници, 109., 105. и 104., во чии рамки ќе бидат разгледани повеќе предлог-закони, извештаи и предлог-одлуки. Пратениците на 109. седница ќе ги разгледаат Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, Дополнетиот предлог на закон за […] The post Собранието ќе одржи три седници appeared first on Република.
SvijetРецепт за евтин и лесен ручек — тиквички и пиперки запечени со сирење и јајца
Доаѓа убаво време и тогаш наместо силна и мрсна храна сакаме нешто полесно. Полека започнува сезоната на разновидни овошја и зеленчуци, но тиквичките можете да ги најдете во текот на целата година. Наш предлог за денешниот ручек е да направите вкусно јадење од зеленчук прелиено со сирење и јајца. Подготовката на ова јадење е толку … Рецепт за евтин и лесен ручек — тиквички и пиперки запечени со сирење и јајца Read More » The post Рецепт за евтин и лесен ручек — тиквички и пиперки запечени со сирење и јајца appeared first on Слободен печат.
SvijetШабан Салиу ќе даде отчет за досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети
Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, денеска на прес- конференција ќе ги презентира досегашните активности, постигнатите резултати и идните приоритети во спроведувањето на политиките за интеграција и инклузија на Ромите. Како што информираат од Кабинетот на министерот, прес-конференцијата ќе се одржи во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија. МИА
SvijetВИДЕО: Иран и САД се согласија за прекин на огнот и слободно движење на бродовите
Иран и САД се согласија да ги запрат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец, потврди американски функционер, зголемувајќи надежи дека привремениот мировен договор би можел да се одржи и покрај притисокот од меѓусебните напади во последните денови. „Договорено е да се... Текстот ВИДЕО: Иран и САД се согласија за прекин на огнот и слободно движење на бродовите е превземен од А1он.
SvijetРестрикции на вода за несовесните граѓани во Кочани
Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, […] The post Рестрикции на вода за несовесните граѓани во Кочани appeared first on Република.
SvijetЛитванскиот министер за надворешени работи Кестутис Будрис во официјална посета на Македонија
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција. МИА
SvijetЗемјотрес почуствуван во Македонија, еве кадe бил епицентарот
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
SvijetСпасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
Триесет и три лица досега се спасени живи по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти денеска привремената претседателка на земјата Делси Родригес. Таа наведе дека меѓу спасените има и неколку деца, додека десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, а времето за пронаоѓање преживеани брзо истекува. Бројот на загинатите во двата последователни земјотреси достигна 1.400 лица, а странски спасувачки тимови се приклучија на операциите за пребарување во најтешко погодената сојузна држава Ла Гуаира. Семејства и доброволци со денови трагаа по преживеани и извлекуваа тела на загинати од урнатините пред пристигнувањето на повеќе од 1.600 странски спасувачи. Тие честопати се жалеа на недостиг од тешка механизација и на ограничено присуство на државните служби, додека стотици последователни потреси дополнително ја влошуваа состојбата и ги држеа жителите во постојана неизвесност. Владата предводена од Родригес, која ја презеде функцијата откако нејзиниот претходник беше отстранет за време на американска операција во јануари, им се заблагодари на доброволците што помагаат во Ла Гуаира. Подоцна, властите значително го ограничија пристапот до главниот пат што води кон погодениот регион, со образложение дека интензивниот сообраќај го отежнува движењето на возилата на службите за итни случаи и дека патот можат да го користат само акредитирани лица. Иако…
SvijetДенес се празнува Свети Тихон, епископ Аматунтски
Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот чист живот и големата ревност за Православието. Во тоа време уште имаше незнабожци на островот Кипар. Свети Тихон вложи апостолски труд за да ги обрати неверните во верни. И […]
SvijetПочувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
Ноќеска неколку минути после полноќ бил почувствиван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар. -Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. МИА
SvijetСедници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем ќе расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, додека пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувања на три предлог одлуки - за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Северна Македонија, за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, додека Законодавно-правната комисија ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. МИА