klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·29. 06. 2026. 06:08:15

Триесет и три лица досега се спасени живи по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти денеска привремената претседателка на земјата Делси Родригес. Таа наведе дека меѓу спасените има и неколку деца, додека десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, а времето за пронаоѓање преживеани брзо истекува. Бројот на загинатите во двата последователни земјотреси достигна 1.400 лица, а странски спасувачки тимови се приклучија на операциите за пребарување во најтешко погодената сојузна држава Ла Гуаира. Семејства и доброволци со денови трагаа по преживеани и извлекуваа тела на загинати од урнатините пред пристигнувањето на повеќе од 1.600 странски спасувачи. Тие честопати се жалеа на недостиг од тешка механизација и на ограничено присуство на државните служби, додека стотици последователни потреси дополнително ја влошуваа состојбата и ги држеа жителите во постојана неизвесност. Владата предводена од Родригес, која ја презеде функцијата откако нејзиниот претходник беше отстранет за време на американска операција во јануари, им се заблагодари на доброволците што помагаат во Ла Гуаира. Подоцна, властите значително го ограничија пристапот до главниот пат што води кон погодениот регион, со образложение дека интензивниот сообраќај го отежнува движењето на возилата на службите за итни случаи и дека патот можат да го користат само акредитирани лица. Иако…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti