Svijet Sjeverna Makedonija
Литванскиот министер за надворешени работи Кестутис Будрис во официјална посета на Македонија

Sitel·nenad.boskovski·29. 06. 2026. 06:12:56
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција. МИА
Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Povezane vijesti

Три пофалби од Будрис: Македонија е на вистинскиот пат, Литванија ќе продолжи силно да го поддржува нејзиниот пат кон ЕУ
Republika.mk·29. 06. 2026.

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
Sitel·29. 06. 2026.

Муцунски со Гоунтанис разговараа како да се унапреди соработката за енергетската отпорност, миграцијата и криминалот
Sloboden Pečat·25. 06. 2026.