klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·29. 06. 2026. 06:04:10

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем ќе расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, додека пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувања на три предлог одлуки - за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Северна Македонија, за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, додека Законодавно-правната комисија ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. МИА

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti