Svijet5468 vijesti
SvijetАЛБАНЦИТЕ НА ВРВОТ ВО БРИТАНСКИТЕ ЗАТВОРИ: Околу 940 се зад решетки
Албанците во последните седум години се најбројната група меѓу странските државјани во британските затвори, а во моментов зад решетки во Англија се наоѓаат околу 940 лица. Голем дел од нив се осудени за кривични дела поврзани со продажба на кокаин и одгледување канабис, објавува „Сан“....
SvijetУкраина ќе добие над 6 милијарди евра од ЕУ за оружје и муниција
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе добие 6.1 милијарди евра од Европската Унија за набавка на противвоздушна одбрана, ракети, муниција и на радари, пренесува „Киев индепендент“. Средствата се дел од заемот за поддршка на Украина од 90 милијарди евра, кој ЕУ го финализираше во април. Со него треба да се покријат две третини од […]
SvijetЧАДОТ ОД ЖЕДЕН И КИТКА СТИГНА ДО СКОПЈЕ: Ангелов со објаснување
Дел од чадот што во изминатите денови се чувствува во Скопската Котлина доаѓа од пожарите на планините Жеден и Китка, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов....
SvijetСтавен под контрола пожарот на Жеден
Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали. Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, која беше вклучена во гаснењето, информираше дека се изгаснати 90 проценти од зафатените површини со пожарот. - Ја спасивме шумата. Пожарот беше со голема јачина. Апелирам граѓаните да внимаваат бидејќи температурите се високи за да не настануваат уште пожари. Уморни сме, секој ден има по 12-13 пожари, рече Амети. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.
SvijetИранската државна телевизија емитуваше закани кон Барон Трамп, спомената е награда од 10 милиони долари
Иранската државна телевизија емитуваше прилог посветен на Барон Трамп, синот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој беа изнесени вознемирувачки тврдења за неговото движење, секојдневниот живот и безбедноста. Во прилогот, кој траел околу три минути, се споменува и сума од 10 милиони долари во контекст на наводна награда за ликвидација... Текстот Иранската државна телевизија емитуваше закани кон Барон Трамп, спомената е награда од 10 милиони долари е превземен од А1он.
Svijet(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден
Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во... Текстот (ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден е превземен од А1он.
SvijetИзраелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас поврзани со нападот од 7 октомври
Израел продолжува да изведува целни убиства на осомничени членови на исламистичката организација Хамас, за кои се верува дека биле вмешани во масакрот од 7 октомври 2023 година. Израелската армија денеска соопшти дека двајца припадници на Хамас биле убиени во текот на ноќта во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа. И двајцата се обвинети дека влегле на територијата на Израел и учествувале во нападот. Според армијата, во неделата бил убиен и припадник на елитните сили „Нукба“ на Хамас во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. „Тајмс оф Израел“ минатиот месец објави дека израелските власти веруваат оти повеќе од 2.000 осомничени учесници сè уште се наоѓаат во Појасот Газа. Вкупно, се смета дека околу 5.000 терористи се инфилтрирале во Израел на денот на масакрот. Оттогаш се убиени околу 2.700, од кои нешто помалку од половина за време на самиот напад, објави весникот. Уште околу 300 осомничени извршители, според извештаите, се наоѓаат во израелски притвор. Израелската армија соопшти дека лицата убиени во текот на ноќта неодамна планирале напади врз израелски војници и цивили и се обидувале повторно да ги организираат редовите на Хамас, што е прекршување на прекинот на огнот договорен во октомври. Тврдењата не можеа независно да…
SvijetДосега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, 43 лица се хоспитализирани – вели Клековски
Од Министерството за здравство велат дека од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница... The post Досега потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, 43 лица се хоспитализирани – вели Клековски appeared first on 360 степени.
SvijetЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола
ЦУК извести дека денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни пожари – 7: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с.... Текстот ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола е превземен од А1он.
SvijetМихаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар. -Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково и се разви во голем сериозен пожар ширејќи се на места кои буквално се недостапни за човечка нога. Тоа се места кои посебно во вакви вонредни ситуации многу лесно можат човечките животи да ги донесат во сериозна животна опасност. Од друга страна, пожарот кој надојде од велешко Сл'п се движеше во правец на токму на овој пожар. Во изминативе денови, сведоци сме на повеќе нови потпалувања на линијата помеѓу двата пожара, а како што може да видите на картата, очигледно да се направи една огромна фронтална линија. Пред неколку дена кога со вложени максимални натчовечки напори и целосно се изгасна пожарот во велешко, наредниот ден имаше обид за негово повторно воскреснување, но, добрата координација на сите служби го спречи тоа, напиша тој. Како што нагласува Михаилов, шестиот ден, доцна во ноќта имало појава…
SvijetМосква: Киев ја отвори Пандорината кутија, одмаздата ќе ја чувствува секој ден и ноќ
Режимот во Киев ја отвори Пандорината кутија со напаѓање на руската цивилна инфраструктура и сега се соочува со одмазда секој ден, а тоа ќе продолжи и во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите. Одговарајќи на прашање за нападите со беспилотни летала врз магацините на Озон, тој рече:... Текстот Москва: Киев ја отвори Пандорината кутија, одмаздата ќе ја чувствува секој ден и ноќ е превземен од А1он.
SvijetЕУ одобри 6,1 милијарда евра помош за Украина, Лондон најави производство на „Скалп“
Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи за противвоздушна одбрана, ракети, муниција и радарски системи. Оваа помош е дел од заемот на ЕУ за поддршка на Украина во вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, наменет за нејзината одбрана од руската инвазија. Пред своето прво меѓународно патување, британскиот премиер Енди Бурнам најави дека Велика Британија ќе ѝ помогне на Украина во производството на ракети со долг дострел „Скалп“, преку споделување на нацртите за британските компоненти со Киев. Станува збор за француски верзии на британските ракети „Сторм шедоу“, кои Украина ги користи за напади врз цели во Русија, а Киев и Париз планираат да воспостават локални линии за нивно производство во Украина. Москва ги критикуваше ваквите планови, при што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Лондон дека „долева масло на огнот“ во војната. Денот на независноста на Украина…