klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 16:44:09

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар. -Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково и се разви во голем сериозен пожар ширејќи се на места кои буквално се недостапни за човечка нога. Тоа се места кои посебно во вакви вонредни ситуации многу лесно можат човечките животи да ги донесат во сериозна животна опасност. Од друга страна, пожарот кој надојде од велешко Сл'п се движеше во правец на токму на овој пожар. Во изминативе денови, сведоци сме на повеќе нови потпалувања на линијата помеѓу двата пожара, а како што може да видите на картата, очигледно да се направи една огромна фронтална линија. Пред неколку дена кога со вложени максимални натчовечки напори и целосно се изгасна пожарот во велешко, наредниот ден имаше обид за негово повторно воскреснување, но, добрата координација на сите служби го спречи тоа, напиша тој. Како што нагласува Михаилов, шестиот ден, доцна во ноќта имало појава…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti