ЕУ одобри 6,1 милијарда евра помош за Украина, Лондон најави производство на „Скалп“

Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи за противвоздушна одбрана, ракети, муниција и радарски системи. Оваа помош е дел од заемот на ЕУ за поддршка на Украина во вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година, наменет за нејзината одбрана од руската инвазија. Пред своето прво меѓународно патување, британскиот премиер Енди Бурнам најави дека Велика Британија ќе ѝ помогне на Украина во производството на ракети со долг дострел „Скалп“, преку споделување на нацртите за британските компоненти со Киев. Станува збор за француски верзии на британските ракети „Сторм шедоу“, кои Украина ги користи за напади врз цели во Русија, а Киев и Париз планираат да воспостават локални линии за нивно производство во Украина. Москва ги критикуваше ваквите планови, при што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Лондон дека „долева масло на огнот“ во војната. Денот на независноста на Украина…


