Svijet5531 vijesti
SvijetРусија: Масовен напад со дронови врз Јарославската област, можна цел нафтената рафинерија
Градот Јарослављ во западна Русија ноќеска бил цел на масовен напад со беспилотни летала, а според руските и украинските медиуми, можна цел била нафтената рафинерија „Славнефт-ЈАНОС“. Руските власти соопштија дека во нападот нема загинати или повредени. Гувернерот на Јарославската област, Михаил Евраев, изјави дека со дронови бил нападнат градот и околниот регион, поради што привремено бил прекинат сообраќајот на излезот од Јарослављ кон Москва. Евраев, во објава на „Телеграм“, оцени дека станува збор за најмасовниот напад со беспилотни летала извршен досега врз Јарославската област. Тој наведе дека единиците за противвоздушна одбрана и системите за електронско попречување онеспособиле и уништиле 88 дрона. Според него, нема жртви во нападите, но еден семеен објект бил оштетен од пожар, на неколку станбени згради биле искршени прозорци, а оштетени биле и повеќе возила. Локални жители и руски канали на „Телеграм“ објавија дека во текот на ноќта над градот биле забележани голем број дронови, дека се слушнале повеќе експлозии и оти над областа се издигнал густ чад. Според нивните наводи, можна цел на нападот била рафинеријата „Славнефт-ЈАНОС“. Телеграм каналот „Астра“, повикувајќи се на анализа на видео-снимки и фотографии, објави дека беспилотните летала најверојатно ја погодиле рафинеријата која, според тие информации, и претходно била цел на најмалку…
SvijetЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатото деноноќие, до 07:30 часот утринава. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Таму […]
SvijetТрамп негира дека Америка снемува муниција, се закани со затвор за оние што откриваат детали за залихите
Американскиот претседателот Доналд Трамп ги оспори неодамнешните извештаи за значителен недостиг на американска муниција поради војната со Иран, објави „Си-би-ес њуз“. Во објава на својата платформа „Трут соушл“ рано утринава, Трамп напиша дека САД имаат „огромни количества муниција“, особено од одредени видови. „Дополнително, големи количества се произведуваат и се испраќаат во САД според потребите. Одбранбените … Трамп негира дека Америка снемува муниција, се закани со затвор за оние што откриваат детали за залихите Read More » The post Трамп негира дека Америка снемува муниција, се закани со затвор за оние што откриваат детали за залихите appeared first on Слободен печат.
SvijetВИДЕО | 10 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ШТО ГО ЗАВИ СКОПЈЕ ВО ЦРНО - Загинаа 22 ллица, меѓу нив и двегодишно дете
Десет години поминаа од едно од најразорните невремиња што ја погодија Македонија. На 6 август 2016 година, силно невреме со поројни врнежи, грмежи и силен ветер го погоди Скопскиот регион, оставајќи зад себе пустош, голема материјална штета и 22 загубени животи....
SvijetТри лица загинаа во руски напади во украинскиот град Балаклија
Најмалку три лица загинаа во руски напади врз станбени куќи во источниот украински град Балаклија лица, соопштија властите на Телеграм. Спасувачките екипи во моментов ги гасат пожарите и ги расчистуваат урнатините. Балаклија се наоѓа во Изјумскиот Реон, Харковска област. Во Сумската област властите известуваат за најмалку двајца ранети при руски бомбардирања со наведувани бомби врз цивилна инфраструктура. Според нив, има оштетени станбени објекти. Во меѓувреме, Доњецката областна воена администрација соопшти дека 12.000 цивили остануваат во зоните на активни борбени дејствија во Доњецката Област. Тие додадоа дека на територијата под украинска контрола во областа остануваат околу 115.000 цивили, од кои околу 6.000 деца. Од февруари 2022 година од зоните под владина контрола се евакуирани вкупно над 1.400.000 луѓе, од кои околу 212.000 деца. Од 2 август 2022 година за Доњецката Област е во сила наредба за задолжителна евакуација.
SvijetAнализита на водата дури на 20 август
Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели, стои во соопштението на СДСМ. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа […] The post Aнализита на водата дури на 20 август appeared first on Република.
SvijetМафини со вишни
Вишни, овошје за најразлични десерти. Овој пат, во мафини, десерт за секој ден со кафе, чај, јогурт.. Состојки: 2 јајца 150 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 80 мл масло 180 мл јогурт 150 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво 80 грама мелени бадеми 200 грама вишни 10 грама ливчиња бадеми 20 грама кафеав шеќер Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот со помош на миксер. Додадете го маслото и јогуртот, па кратко измешајте. На крајот, додадете ги брашното, мелените бадеми и прашокот за печиво. Наполнете го калапот за мафини (обложен со хартиени корпички) со смесата до околу три четвртини од висината, бидејќи мафините ќе нараснат. Во секој мафин втиснете по 3 вишни без семки (или 4, доколку се помали).Посипете со ливчиња од бадем и шеќер, по желба наросете и малку цимет. Печете на 175°C околу 25 минути. Рерната треба претходно да биде загреана.Оставете малку да се изладат, извадете ги од калапот и уживајте.
SvijetЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатото деноноќие, до 07:30 часот утринава. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а 18 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во селото Грешница, на месноста Стојанова Населба. Таму … ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен Read More » The post ЦУК: 20 пожари на отворено, еден сè уште активен appeared first on Слободен печат.
SvijetДесет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи
Многумина беа повредени, а голем број домови уништени Пред десет години на денешен ден, скопските села Стајковци,... The post Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи appeared first on 360 степени.
SvijetНовите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека реформите во енергетскиот сектор во изминатите две години поставиле темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем. Од партијата наведуваат дека е донесен нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, кој, според нив, го дефинира правецот за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и усогласување со европските стандарди. Во соопштението се посочува дека се евидентирани повеќе од 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува показател за зголемен интерес на домашните и странските инвеститори и придонесува за поголемо домашно производство на електрична енергија. Партијата истакнува дека Владата работи и на реализација на капитални проекти во енергетиката, меѓу кои државен батериски систем за складирање енергија, дигитализација на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиска поддршка за производителите на обновлива енергија и нови законски решенија за развој на конкурентен енергетски пазар. Во делот на енергетската ефикасност, од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се преземаат мерки за реконструкција на јавни објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување финансиска поддршка од меѓународни партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти. Во соопштението се додава дека финансиската поддршка од Европската…
SvijetПредупредување за возачите — еве каде има опасност од одрони
Сообраќајот на сите државни патишта во земјава утринава се одвива непречено, а коловозите се суви, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемено внимание се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. Зголемен интензитет на сообраќајот е забележан надвор од населените места. На граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања при … Предупредување за возачите — еве каде има опасност од одрони Read More » The post Предупредување за возачите — еве каде има опасност од одрони appeared first on Слободен печат.
SvijetДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ - Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран
ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ - Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран