klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија

Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·06. 08. 2026. 07:20:29

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека реформите во енергетскиот сектор во изминатите две години поставиле темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем. Од партијата наведуваат дека е донесен нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, кој, според нив, го дефинира правецот за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и усогласување со европските стандарди. Во соопштението се посочува дека се евидентирани повеќе од 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува показател за зголемен интерес на домашните и странските инвеститори и придонесува за поголемо домашно производство на електрична енергија. Партијата истакнува дека Владата работи и на реализација на капитални проекти во енергетиката, меѓу кои државен батериски систем за складирање енергија, дигитализација на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиска поддршка за производителите на обновлива енергија и нови законски решенија за развој на конкурентен енергетски пазар. Во делот на енергетската ефикасност, од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се преземаат мерки за реконструкција на јавни објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување финансиска поддршка од меѓународни партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти. Во соопштението се додава дека финансиската поддршка од Европската…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti