Русија: Масовен напад со дронови врз Јарославската област, можна цел нафтената рафинерија

Градот Јарослављ во западна Русија ноќеска бил цел на масовен напад со беспилотни летала, а според руските и украинските медиуми, можна цел била нафтената рафинерија „Славнефт-ЈАНОС“. Руските власти соопштија дека во нападот нема загинати или повредени. Гувернерот на Јарославската област, Михаил Евраев, изјави дека со дронови бил нападнат градот и околниот регион, поради што привремено бил прекинат сообраќајот на излезот од Јарослављ кон Москва. Евраев, во објава на „Телеграм“, оцени дека станува збор за најмасовниот напад со беспилотни летала извршен досега врз Јарославската област. Тој наведе дека единиците за противвоздушна одбрана и системите за електронско попречување онеспособиле и уништиле 88 дрона. Според него, нема жртви во нападите, но еден семеен објект бил оштетен од пожар, на неколку станбени згради биле искршени прозорци, а оштетени биле и повеќе возила. Локални жители и руски канали на „Телеграм“ објавија дека во текот на ноќта над градот биле забележани голем број дронови, дека се слушнале повеќе експлозии и оти над областа се издигнал густ чад. Според нивните наводи, можна цел на нападот била рафинеријата „Славнефт-ЈАНОС“. Телеграм каналот „Астра“, повикувајќи се на анализа на видео-снимки и фотографии, објави дека беспилотните летала најверојатно ја погодиле рафинеријата која, според тие информации, и претходно била цел на најмалку…


