Svijet5536 vijesti
SvijetРегистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и... Текстот Регистрирани осум пожари на отворено – пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола е превземен од А1он.
SvijetТалогот од СДСМ и предавникот Филипче никогаш не го решавале проблемот со водата во Гостивар
Талогот од СДС и предавникот Филипче не само што не го решавале проблемот со водата во Гостивар, туку никогаш не побарале ниту понеле одговорност. Документите кои ги споделувавме во јавноста од испитувањата, покажуваат дека во времето на СДС и Венко Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во различни населени места низ државата, […] The post Талогот од СДСМ и предавникот Филипче никогаш не го решавале проблемот со водата во Гостивар appeared first on Република.
SvijetРусија тврди дека погодила бродови со воена опрема наменета за Украина
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили нападнале два товарни брода во Црното Море во текот на ноќта, за кои рекле дека превезувале воена опрема наменета за украинските вооружени сили. Во соопштението се вели дека беспилотни летала погодиле два товарни брода што, според руското министерство, испорачувале опрема за украинската... Текстот Русија тврди дека погодила бродови со воена опрема наменета за Украина е превземен од А1он.
SvijetГрција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во Нови Сад
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции во Србија, Грција и Бугарија. Предлогот го поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина, јавува „Данас“. Станува збор за бронзена скулптура висока околу два метри, која би прикажувала жена во традиционална македонска носија […]
SvijetВИДЕО | Десетгодишно момче докажа дека пеперутките ги помнат работите од времето кога биле гасеници
Џо Нагаи од Кобе, Јапонија, има само десет години, но зад себе веќе има научно откритие кое го привлече вниманието на светските истражувачи. Младиот научник успеа да докаже дека меморијата кај пеперутките не исчезнува за време на нивната преобразба од гасеница, туку може дури и да се пренесе на следните генерации, пишува „Мајмодернмет“. Љубовта кон … ВИДЕО | Десетгодишно момче докажа дека пеперутките ги помнат работите од времето кога биле гасеници Read More » The post ВИДЕО | Десетгодишно момче докажа дека пеперутките ги помнат работите од времето кога биле гасеници appeared first on Слободен печат.
SvijetДве нови комори станаа членки на ССКМ
Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом - Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората. ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаѓа по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни годинава во Скопје. -Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и…
SvijetСеверна Кореја изврши ново лансирање на ракета
Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја денеска истрелала најмалку една балистичка ракета со краток дострел кон Источното Кинеско Море, додавајќи дека лансирањето било извршено од областа Вонсан на источниот брег на земјата. Здру
SvijetВИДЕО | Хирошима одбележа 81 година од атомската бомба, градоначалникот повика на свет без нуклеарно оружје
Хирошима денес ја одбележа 81-годишнината од атомското бомбардирање од страна на САД, а градоначалникот ги критикуваше големите сили поради војните што ги водат и ги повика да престанат да го оправдуваат поседувањето нуклеарно оружје како средство за одбрана, објави „Асошијатед прес“. „Потценувањето на нехуманоста на нуклеарното оружје и прифаќањето на употребата на сила за остварување … ВИДЕО | Хирошима одбележа 81 година од атомската бомба, градоначалникот повика на свет без нуклеарно оружје Read More » The post ВИДЕО | Хирошима одбележа 81 година од атомската бомба, градоначалникот повика на свет без нуклеарно оружје appeared first on Слободен печат.
SvijetЗаврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, евакуираните се враќаат во домовите
По 50 часа активност заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, соопшти Националниот институт по вулканологија. Властите информираа дека повеќе од 1.700 евакуирани жители почнале да се враќаат во своите домови. Фуего, најактивниот вулкан во Централна Америка што се наоѓа на околу 35 километри од главниот град Гватемала, еруптираше во понеделникот. Активноста се засили во текот на ноќта кон вторник, кога од кратерот почнаа да се слеваат лавини, а во атмосферата се издигнаа облаци од гас и вулканска пепел. Властите прогласија највисок степен на тревога за населените места во близина и евакуираа над 1.700 луѓе. Нема загинати, повредени или значителна материјална штета. Националниот институт по вулканологија соопшти дека вулканот висок 3.763 метри, се вратил на вообичаеното ниво на активност, а Националната агенција за управување со катастрофи оцени дека враќањето на жителите е безбедно по намалувањето на вулканската активност. (МИА)
SvijetУкраински воен омбудсман: Во украинските вооружени сили се борат речиси 16.000 странци
Речиси 16.000 странски волонтери од 72 земји служат во вооружените сили на Украина, изјави денеска украински воен функционер, пренесе ДПА. Речиси 40 отсто од странските борци во украинските редови доаѓаат од латиноамериканските земји, изјави воениот омбудсман Олха Решетилова. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина бројат околу 880.000 војници. Доскорешниот министер за одбрана Михајло Федоров во јуни објави планови за зголемување на уделот на странски регрути во единиците за напад и пешадија на дури 50 отсто, потсетува германската агенција. Киев се стреми да привлече регрути од целиот свет нудејќи просечна месечна плата еквивалентна на околу 6.700 долари. Украина ја основа својата Меѓународна легија кратко откако Русија ја започна својата целосна инвазија во 2022 година за регрутирање странски волонтери. Странски борци исто така служат на руска страна, потсетува ДПА. (МИА)
SvijetШасивари ја потврди заложбата за унапредување на соработката со Јапонија
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави. Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство. Беше оценето дека меѓу двете земји нема отворени прашања што претставува цврста основа за натамошно продлабочување на партнерството. Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката на реформските процеси насочени кон зајакнување на правната сигурност и унапредување на демократските стандарди.
SvijetМировен план за Газа: ќе врши ли Америка притисок врз Израел?
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „историски пробив“. Но, досега новиот мировен договор за Газа, објавен минатата недела и наменет да помогне во запирањето на борбите и олеснувањето на тековната хуманитарна криза во крајбрежната енклава, се чини дека доведе само до уште еден ќор-сокак меѓу главните завојувани страни. Сепак, експертите посочуваат дека постојат неколку разлики … Мировен план за Газа: ќе врши ли Америка притисок врз Израел? Read More » The post Мировен план за Газа: ќе врши ли Америка притисок врз Израел? appeared first on Слободен печат.