klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Две нови комори станаа членки на ССКМ

Две нови комори станаа членки на ССКМ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 08. 2026. 11:00:17

Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом - Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората. ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува значаен чекор во понатамошното јакнење на најголемата деловна мрежа во државата и проширување на секторите што добиваат организирано коморско застапување за поефикасно застапување на интересите на компаниите. Организациското прегрупирање и новиот начин на управување доаѓа по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни годинава во Скопје. -Сојузот на стопански комори на Македонија продолжува да расте и да ја зајакнува својата мрежа. Визијата за посилен, поконкурентен и подобро организиран коморски систем век е добива конкретна потврда преку проширувањето на семејството на Сојузот. Со приклучувањето на двете нови комори се заокружува процесот, а новата организација овозможува поефикасно секторско организирање, посилно застапување на интересите на компаниите и дополнително јакнење на коморскиот систем. Приклучувањето на новите комори е уште една потврда дека сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот на стопански комори на Македонија како кредибилен партнер и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti