klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, евакуираните се враќаат во домовите

Заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, евакуираните се враќаат во домовите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·06. 08. 2026. 10:45:02

По 50 часа активност заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала, соопшти Националниот институт по вулканологија. Властите информираа дека повеќе од 1.700 евакуирани жители почнале да се враќаат во своите домови. Фуего, најактивниот вулкан во Централна Америка што се наоѓа на околу 35 километри од главниот град Гватемала, еруптираше во понеделникот. Активноста се засили во текот на ноќта кон вторник, кога од кратерот почнаа да се слеваат лавини, а во атмосферата се издигнаа облаци од гас и вулканска пепел. Властите прогласија највисок степен на тревога за населените места во близина и евакуираа над 1.700 луѓе. Нема загинати, повредени или значителна материјална штета. Националниот институт по вулканологија соопшти дека вулканот висок 3.763 метри, се вратил на вообичаеното ниво на активност, а Националната агенција за управување со катастрофи оцени дека враќањето на жителите е безбедно по намалувањето на вулканската активност. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti