klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шасивари ја потврди заложбата за унапредување на соработката со Јапонија

Шасивари ја потврди заложбата за унапредување на соработката со Јапонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·06. 08. 2026. 10:43:39

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави. Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство. Беше оценето дека меѓу двете земји нема отворени прашања што претставува цврста основа за натамошно продлабочување на партнерството. Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката на реформските процеси насочени кон зајакнување на правната сигурност и унапредување на демократските стандарди.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti