Svijet5543 vijesti
SvijetМозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. Настанот е дел од програмата со која се одбележува 75-годишниот јубилеј на музејската дејност во Охрид. (МИА)
SvijetНајмалку двајца мртви во пукање во училиште во Тајланд
Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил […]
SvijetАмерикански суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, нејзините социјални платформи се значаен фактор што придонесува за моменталната криза со менталното здравје кај младите во Ново Мексико“, напиша судијата. Бидшајд ја спореди „Мета“ со фабрика што испушта загадување во воздухот. „Судот ги смета платформите на ’Мета‘ за аналогни на фабрика, рекламите и другите содржини прикажани на тие платформи за она што го произведува фабриката, а психолошката штета и сексуалната експлоатација на децата за загадување што мора да се сузбие“, се наведува во пресудата. Исто како што „штетното загадување“ од фабриката го загрозува правото на јавноста на чист воздух, така и „штетните ефекти“ од платформите на „Мета“ не останале изолирани, се вели во пресудата. „Наместо тоа, штетните ефекти се шират на целиот интернет и, што е можеби најзагрижувачки, во реалниот свет, создавајќи заеднички, општествен товар и штета за погодените деца, нивните семејства и училиштата…
SvijetВИДЕО: Трамп се обидува да го укине „породилниот туризам“
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби со кои повторно се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање. Новите мерки се насочени главно кон поостро регулирање на веќе постојните правила и ограничување на исклучоците. Прашањето на државјанството по раѓање е меѓу приоритетите на администрацијата на Трамп во... Текстот ВИДЕО: Трамп се обидува да го укине „породилниот туризам“ е превземен од А1он.
SvijetБројот заразени со ебола во Конго надмина четири илјади
Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов изнесува 43,9 проценти. Според Светската здравствена организација, околу 90 отсто од случаите се регистрирани во североистичната провинција Итури, во близина на границите со Уганда и Јужен Судан. Еболата е високо заразна вирусна болест што се пренесува преку контакт или телесна течност. Во претходната голема епидемија на ебола пто го зафати Конго од 2014 до 2016 година, беа регистрирани околу 28 илјади заразени, а повеќе од единаесет илјади луѓе починале. Тогаш за осум месеци од почетокот на епидемија од болеста починаа илјада лица.
SvijetПријатели
Пред една недела или поточно на 30-ти јули, беше одбележан Светскиот ден на пријателството. Овој датум бил предложен од Генералното собрание на Обединетите Нации со идеја да биде инспирација и повод за склучување на нови пријателства помеѓу различни народи, култури и поединци. Се разбира, овој ден остана загубен во мноштвото банални приказни поврзани со сè … Пријатели Read More » The post Пријатели appeared first on Слободен печат.
SvijetРегистрирани вкупно 23 пожари: Кои жаришта се активни, а кои пламени изгаснати во Македонија?
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума. Според известувањето на ЦУК, изгаснати се 20 пожари на отворен простор: Општина Босилово: с. Моноспитово (ниска вегетација) Општина Валандово: с. Севенендекли (мешана шума) Општина Богданци: помеѓу селата Селимли и Стојаково (дива депонија) Општина Гостивар: покрај автопатот Гостивар – Тетово (ниска вегетација) Општина Желино: с. Фалиште (ниска вегетација) Општина Брвеница: с. Теново (ниска вегетација) Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б. (ниска вегетација) Општина Гази Баба: населба Гоце Делчев (ниска вегетација) Општина Неготино: с. Дуброво (ниска вегетација) Општина Сарај: с. Кондово (ниска вегетација) Општина Карбинци: с. Крупиште (стрниште) Општина Штип: с. Караорман (депонија) Општина Чешиново-Облешево: с. Уларци (стрниште) Општина Ново Село: с. Ново и Старо Коњарево (стрниште) Општина Кривогаштани: с. Блато, атар на с. Врбјани (ниска вегетација и…
SvijetНајмалку 11 повредени во напади на Хутите врз Саудиска Арабија
Единаесет лица се повредени во напади на милицијата на Хутите, поддржана од Иран, врз Саудиска Арабија, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека сите повредени во нападите извршени вчера во јужниот саудиски регион Наџран се цивили. „Терористичката милиција на Хутите ги изведе овие терористички напади користејќи неселективно гранатирање против цивилни објекти“, напиша Ал-Малики на Х додавајќи дека нападите претставуваат кршење на меѓународното право. Тој рече дека коалицијата ќе продолжи да презема „одвраќачки мерки“ за заштита на цивилите од понатамошни напади. Јеменската влада е поддржана од Саудиска Арабија. Конфликтот меѓу Кралството и Хутите повторно ескалираше пред неколку недели со воздушни напади во главниот град Сана, кој е под контрола на Хутите. Неофицијално примирје во граѓанската војна е во сила од 2022 година, но постои загриженост дека конфликтот би можел повторно да се разгори, пренесе ДПА.
SvijetДВЕ РАБОТИ ЈА УБИВААТ ЕВРОПА, предупредува Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа.
SvijetСончево и многу топло време со мала облачност
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во делови од земјата попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Утринските температури ќе се … Сончево и многу топло време со мала облачност Read More » The post Сончево и многу топло време со мала облачност appeared first on Слободен печат.
SvijetУАПСЕН ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ЖЕНА ВО СКОПЈЕ
Уапсен е возачот кој завчера во Скопје со “фиат пунто” удри жена пешак и избега од местото на настанот. Станува збор за 19-годишник....
SvijetНема оружје за Украина? Трамп: И нам ни требаат ракетите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД веќе ѝ снабдиле на Украина огромна количина оружје и муниција, додавајќи дека и на американската војска ѝ се потребни ракетите. „Ние ѝ снабдивме на Украина огромна количина муниција. Луѓето на Бајден го направија тоа бесплатно. И нам ни требаат ракети. Бајден ѝ снабди на Украина оружје во вредност […]