klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·07. 08. 2026. 06:36:34

Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, нејзините социјални платформи се значаен фактор што придонесува за моменталната криза со менталното здравје кај младите во Ново Мексико“, напиша судијата. Бидшајд ја спореди „Мета“ со фабрика што испушта загадување во воздухот. „Судот ги смета платформите на ’Мета‘ за аналогни на фабрика, рекламите и другите содржини прикажани на тие платформи за она што го произведува фабриката, а психолошката штета и сексуалната експлоатација на децата за загадување што мора да се сузбие“, се наведува во пресудата. Исто како што „штетното загадување“ од фабриката го загрозува правото на јавноста на чист воздух, така и „штетните ефекти“ од платформите на „Мета“ не останале изолирани, се вели во пресудата. „Наместо тоа, штетните ефекти се шират на целиот интернет и, што е можеби најзагрижувачки, во реалниот свет, создавајќи заеднички, општествен товар и штета за погодените деца, нивните семејства и училиштата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti