klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Регистрирани вкупно 23 пожари: Кои жаришта се активни, а кои пламени изгаснати во Македонија?

Регистрирани вкупно 23 пожари: Кои жаришта се активни, а кои пламени изгаснати во Македонија?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·07. 08. 2026. 06:28:52

До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума. Според известувањето на ЦУК, изгаснати се 20 пожари на отворен простор: Општина Босилово: с. Моноспитово (ниска вегетација) Општина Валандово: с. Севенендекли (мешана шума) Општина Богданци: помеѓу селата Селимли и Стојаково (дива депонија) Општина Гостивар: покрај автопатот Гостивар – Тетово (ниска вегетација) Општина Желино: с. Фалиште (ниска вегетација) Општина Брвеница: с. Теново (ниска вегетација) Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б. (ниска вегетација) Општина Гази Баба: населба Гоце Делчев (ниска вегетација) Општина Неготино: с. Дуброво (ниска вегетација) Општина Сарај: с. Кондово (ниска вегетација) Општина Карбинци: с. Крупиште (стрниште) Општина Штип: с. Караорман (депонија) Општина Чешиново-Облешево: с. Уларци (стрниште) Општина Ново Село: с. Ново и Старо Коњарево (стрниште) Општина Кривогаштани: с. Блато, атар на с. Врбјани (ниска вегетација и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti