klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Најмалку 11 повредени во напади на Хутите врз Саудиска Арабија

Најмалку 11 повредени во напади на Хутите врз Саудиска Арабија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·07. 08. 2026. 06:28:40

Единаесет лица се повредени во напади на милицијата на Хутите, поддржана од Иран, врз Саудиска Арабија, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, изјави дека сите повредени во нападите извршени вчера во јужниот саудиски регион Наџран се цивили. „Терористичката милиција на Хутите ги изведе овие терористички напади користејќи неселективно гранатирање против цивилни објекти“, напиша Ал-Малики на Х додавајќи дека нападите претставуваат кршење на меѓународното право. Тој рече дека коалицијата ќе продолжи да презема „одвраќачки мерки“ за заштита на цивилите од понатамошни напади. Јеменската влада е поддржана од Саудиска Арабија. Конфликтот меѓу Кралството и Хутите повторно ескалираше пред неколку недели со воздушни напади во главниот град Сана, кој е под контрола на Хутите. Неофицијално примирје во граѓанската војна е во сила од 2022 година, но постои загриженост дека конфликтот би можел повторно да се разгори, пренесе ДПА.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti