Svijet5496 vijesti
SvijetДУИ: Измамата на Влен се продлабочува, и Алтернатива фигурира како посебна партија со променет лидер
Повикувајќи се на документи од Централниот регистар, од ДУИ велат дека како претседател на Алтернатива е запишан... The post ДУИ: Измамата на Влен се продлабочува, и Алтернатива фигурира како посебна партија со променет лидер appeared first on 360 степени.
SvijetМВР: Синоќа изречени 262 санкци за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. -Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено..., се вели во соопштението од МВР. Според полицијата, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик…
SvijetСе снимале за ТикТок како возат во спротивна насока на автопат: Пет тинејџери загинаа во Ирска
Пет тинејџери загинале во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. […] The post Се снимале за ТикТок како возат во спротивна насока на автопат: Пет тинејџери загинаа во Ирска appeared first on Република.
SvijetДо 15 отсто поевтин училишен прибор: Влен предлага повторно воведување на „училишната кошничка“
Почетокот на новата учебна година носи радост за учениците, но и дополнителни трошоци за семејствата. Со цел да се намали финансискиот товар за родителите, Влен, преку министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со која се предвидуваат попусти до 15 отсто за училишниот прибор, се наведува во соопштението […]
SvijetСАД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. - Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, изјави синоќа канадскиот премиер Марк Карни, оправдувајќи ја својата одлука да ги прекине трговските разговори со Вашингтон. Тој објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. - Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за да ги заштити своите работници и комерцијални активности. Од почетокот на трговската војна, која ја започна Трамп по неговото враќање во Белата куќа, сфативме дека Америка се промени и дека нема да се вратиме на нашите стари односи, посочи Карни. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините по член 338, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска. - Канада одби да го финализира трговскиот договор според условите договорени претходно оваа недела…
SvijetВОЗЕЛЕ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА АВТОПАТ И СЕ СНИМАЛЕ: Загинаа 5 тинејџери во сообраќајка во Ирска
Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните жители со провали и кражби на автомобили. Тие често објавувале видеа како ги брка полицијата. Едно видео споделено пред нивната смрт го снима ретровизорот на автомобилот и е проследено со зборовите „погрешен пат“. Возилото во кое се превезувале било украдено претходната ноќ и било забележано во неколку области во близина на Килдер пред да се случи несреќата. Најновиот трагичен случај е дел од опасен тренд на објавување видеа од диво возење на TikTok и други платформи, што предизвика дебати за одговорноста на полицијата, судството и социјалните мрежи, пишува „Гардијан“. Потрагата по возбуда и восхит од врсниците преку такво однесување не е нова, но социјалните медиуми го засилија феноменот, објаснува Мери Ајкен, професорка по форензичка киберпсихологија на Универзитетот во Источен Лондон. - Би го опишала како хибридно однесување. Додека возат, тие истовремено…
SvijetОдбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево во Битола ќе ја одбележи 25-годишнината од нејзиното формирање. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево во Битола ќе ја одбележи 25-годишнината од нејзиното формирање. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатреш Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за брзо распоредување.
SvijetДвајца загинати во пад на авион во Хрватска
Две лица загинале при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од авионот и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување. Нашите спасувачи преку […] The post Двајца загинати во пад на авион во Хрватска appeared first on Република.
SvijetСкандал со пари од ЕУ: Во Грција се исплаќале субвенции за непостоечки добиток
Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за десетици илјади повеќе добиток во 2024 година отколку што можат да потврдат официјалните записи на земјата, објави Политико. Анализата на владините податоци открива сериозни несовпаѓања помеѓу намалувањето на стадото говеда во земјата, како што објави статистичката агенција ЕЛСТАТ, и субвенциите евидентирани од Министерството за земјоделство. Според бројките од […]
SvijetКаку: Неограничениот животен век е возможен, но имаме проблем – ракот го користи истиот механизам за неконтролирано размножување и убивање
Неограничениот животен век е научно возможна перспектива, но најголемиот предизвик е да се искористат механизмите што го овозможуваат продолжувањето на животот без истовремено да се активираат механизмите што им овозможуваат на клетките на ракот неконтролирано да се размножуваат, вели теоретскиот физичар Мичио Каку во интервјуто со водителот Стивен Бартлет во „The Diary Of A CEO“ . Каку објаснува дека клучот за разбирање на процесот се теломерите, структури на краевите на хромозомите кои се скратуваат при клеточната делба. Според него, откривањето на ензимот кој може да го спречи скратувањето на теломерите, отворило прашања за можноста за значително продолжување на животниот век. Како што појаснува Каку, теломерите функционираат како своевиден биолошки часовник, бидејќи стануваат пократки секогаш кога клетката се дели. - Сметам дека постои можност да имаме неограничен животен век. Мислам дека тоа е возможно. На крајот од нашите хромозоми, во секоја клетка, постои нешто што се нарекува теломери. А теломерите се како часовник. Тие стануваат сè пократки секој пат кога клетката се дели. И кога теломерата ќе стане премногу кратка, таа се оштетува, се распаѓа и вие умирате. Значи, ние имаме временско ограничување - вели Каку. Тој додава дека откривањето на теломеразата покажало дека постои механизам способен да го запре овој…
SvijetИран: Заканата на Трамп кон земјите кои ќе соработуваат со Техеран е враќање на колонијализмот
Планираната „економска војна“ на Соединетите Американски Држави против Иран би претсавувала прекршување на меѓународното право. Ниту една држава не може законски да принуди ги банките, претпријатијата или аеродромите на некоја суверена земја, да се откажат од легална трговија со трета држава“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи Економскиот притисок наменет да […] The post Иран: Заканата на Трамп кон земјите кои ќе соработуваат со Техеран е враќање на колонијализмот appeared first on Република.
SvijetДневен хороскоп за 22 август 2026: Љубов, пари и нови можности!
Бик Ќе почувствувате потреба да забавите и да посветите повеќе време на себе. Можно е пријатно изненадување од блиска личност. На работен план не брзајте со одлуките, бидејќи деталите ќе бидат поважни отколку што изгледаат. Близнаци Комуникацијата ќе ви биде најсилната страна. Можно е да добиете интересна вест или порака која ќе ви го промени планот за денот. Во љубовта бидете искрени, наместо да очекувате другата страна сама да ги разбере вашите намери. Рак Емоциите ќе бидат понагласени од вообичаено. Не дозволувајте туѓото расположение да влијае врз вас. Во љубовта ве очекува можност за искрен разговор и расчистување на недоразбирање. Лав Ќе бидете во центарот на вниманието и лесно ќе ги привлекувате луѓето околу себе. Искористете ја позитивната енергија за нешто што ви е важно. Во љубовта можно е интересен пресврт или пријатен знак од личност која ви се допаѓа. Девица Денот е погоден за организирање, планирање и завршување обврски. Не дозволувајте ситниците да ви го расипат расположението. Во љубовта покажете малку повеќе спонтаност. Вага Ќе сакате мир и хармонија, но некој близок може да ве вовлече во непотребна дискусија. Останете смирени. Слободните Ваги може да запознаат личност која ќе им го привлече вниманието. Скорпија Интуицијата ќе ви биде особено…