САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. - Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, изјави синоќа канадскиот премиер Марк Карни, оправдувајќи ја својата одлука да ги прекине трговските разговори со Вашингтон. Тој објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. - Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за да ги заштити своите работници и комерцијални активности. Од почетокот на трговската војна, која ја започна Трамп по неговото враќање во Белата куќа, сфативме дека Америка се промени и дека нема да се вратиме на нашите стари односи, посочи Карни. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините по член 338, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска. - Канада одби да го финализира трговскиот договор според условите договорени претходно оваа недела…
Povezane vijesti

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

(ВИДЕО) Апасиев го праша Мицкоски за бизнисите на баџанакот, а премиерот му порача обвинувањата да ги докаже на суд
