Каку: Неограничениот животен век е возможен, но имаме проблем – ракот го користи истиот механизам за неконтролирано размножување и убивање

Неограничениот животен век е научно возможна перспектива, но најголемиот предизвик е да се искористат механизмите што го овозможуваат продолжувањето на животот без истовремено да се активираат механизмите што им овозможуваат на клетките на ракот неконтролирано да се размножуваат, вели теоретскиот физичар Мичио Каку во интервјуто со водителот Стивен Бартлет во „The Diary Of A CEO“ . Каку објаснува дека клучот за разбирање на процесот се теломерите, структури на краевите на хромозомите кои се скратуваат при клеточната делба. Според него, откривањето на ензимот кој може да го спречи скратувањето на теломерите, отворило прашања за можноста за значително продолжување на животниот век. Како што појаснува Каку, теломерите функционираат како своевиден биолошки часовник, бидејќи стануваат пократки секогаш кога клетката се дели. - Сметам дека постои можност да имаме неограничен животен век. Мислам дека тоа е возможно. На крајот од нашите хромозоми, во секоја клетка, постои нешто што се нарекува теломери. А теломерите се како часовник. Тие стануваат сè пократки секој пат кога клетката се дели. И кога теломерата ќе стане премногу кратка, таа се оштетува, се распаѓа и вие умирате. Значи, ние имаме временско ограничување - вели Каку. Тој додава дека откривањето на теломеразата покажало дека постои механизам способен да го запре овој…


