klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВОЗЕЛЕ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА АВТОПАТ И СЕ СНИМАЛЕ: Загинаа 5 тинејџери во сообраќајка во Ирска

ВОЗЕЛЕ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА АВТОПАТ И СЕ СНИМАЛЕ: Загинаа 5 тинејџери во сообраќајка во Ирска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 09:28:30

Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните жители со провали и кражби на автомобили. Тие често објавувале видеа како ги брка полицијата. Едно видео споделено пред нивната смрт го снима ретровизорот на автомобилот и е проследено со зборовите „погрешен пат“. Возилото во кое се превезувале било украдено претходната ноќ и било забележано во неколку области во близина на Килдер пред да се случи несреќата. Најновиот трагичен случај е дел од опасен тренд на објавување видеа од диво возење на TikTok и други платформи, што предизвика дебати за одговорноста на полицијата, судството и социјалните мрежи, пишува „Гардијан“. Потрагата по возбуда и восхит од врсниците преку такво однесување не е нова, но социјалните медиуми го засилија феноменот, објаснува Мери Ајкен, професорка по форензичка киберпсихологија на Универзитетот во Источен Лондон. - Би го опишала како хибридно однесување. Додека возат, тие истовремено…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti