Svijet5426 vijesti
SvijetМинчев: Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер
Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа. Токму затоа, квалитетот на јавните услуги мора да се мери преку она со што граѓаните секојдневно се соочуваат, а не само преку […] The post Минчев: Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер appeared first on Република.
SvijetКога е најдобро да се јаде овошје?
Дали чувствувате надуеност или тежина во желудникот откако ќе изедете овошје? Ако одговорот е да, а овошјето го јадете веднаш по ручекот или вечерата, тоа би можело да биде причина за тегобите. Сепак, тоа не значи дека треба да се откажете од овошјето. Постојат подобри и полоши моменти за негово консумирање, а крајот на оброкот […] The post Кога е најдобро да се јаде овошје? appeared first on Република.
SvijetВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за неговите биснизи, Мицкоски му рече дека е кукавица
Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, со визуелизација постави прашања за деловната мрежа на лица од семејното опкружување на Мицкоски. Преку имиња, компании, деловни врски и партиски донации, Апасиев побара одговор за можниот судир меѓу приватните економски интереси на премиерските роднини и... Текстот ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за неговите биснизи, Мицкоски му рече дека е кукавица е превземен од А1он.
SvijetКлековски: До крајот на годината треба да почне реализацијата на проектите за болниците во Тетово, Штип и Кичево, очекуваме 195 милиони евра за нивно завршување
Министерството за здравство заедно со Светска банка и Европската инвестициска банка работи на обезбедување 195 милиони евра заем за завршување на проектите во клиничките болници во Штип и Тетово и Општата болница Кичево и очекувам до крајот на годината Владата да го склучи аранжманот со што ќе почне реализацијата на трите долгоочекувани проекти, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. Одговарајќи на прашањето на пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт за, според неа, блокада за инвестиции во Клиничката болница - Тетово, тој нагласи дека неодамна е решен и долгогодишниот проблем со договори на дело во оваа институција и нивна трансформација во редовни вработувања. - Јас лично заедно со мисијата на Светска банка и Европската инвестициска банка бев во Клиничката болница - Тетово на крајот на јули оваа година. Пред 10 дена ја имавме втората мисија и се надевам дека до крајот на годината Владата ќе го има склучено аранжманот со Светска банка и Европската инвестициска банка, што ќе треба да овозможи да се започне со спроведување на овие три долгоочекувани проекти од наша страна. Во тоа соработуваме и со раководството на Клиничката болница - Тетово и со раководството на Општина Тетово, рече…
Svijet„Рацете што ја чуваат традицијата“ – изложба на рачни изработки во Валандово
Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово утре напладне организира изложба на рачни изработки под наслов „Рацете што ја чуваат традицијата“, по повод Меѓународниот ден на руралната жена – 15 Октомври. На настанот, кој ќе се одржи во просториите на Домот на културата „25 Мај“, се поканети да учествуваат жените од Валандово и околните населени места, кои ќе имаат можност да ги претстават своите рачни изработки, традиционални ракотворби и предмети изработени со стари техники. Јавниот повик е упатен до сите кои знаат да плетат, везат, да изработуваат традиционални ракотворби, да создаваат предмети со стара техника, или пак да споделат нешто што го чуваат дома, а кое е поврзано со посебна приказна или спомен. - Зад секој вез, плетиво или рачна изработка стојат време, трпение, знаење, љубов и една жена која го чува она што го наследила од својата мајка, баба или претходните генерации. Затоа не сакаме само да ги изложиме нивните изработки, туку сакаме овие вредни жени да ги раскажат и своите приказни, велат од Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово. Со оваа иницијатива организаторите имаат цел да го зачуваат и промовираат традиционалното женско творештво, да ги истакнат вештините и креативноста на руралните…
SvijetНедостигот на дизел може да продолжи и во 2027 година, предупредува Меѓународната агенција за енергија
Намалената понуда на дизел на светскиот пазар би можела да продолжи во поголемиот дел од 2027 година, поради ограниченото производство, нарушените испораки од Блискиот Исток и Русија и намалените резерви, предупредува Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според најновиот месечен извештај на агенцијата, во вториот и третиот квартал од годинава од резервите биле повлечени значително поголеми […]
SvijetУкраина: 600.000 домаќинства се без струја по масовните руски напади
Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без електрична енергија по масовните руски напади со десетици балистички ракети и повеќе од 100 дронови извршени во текот на ноќта, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека полицијата потврди дека во Киев има и жртви. Русија употребила 39 балистички ракети и над 102 дрона насочени против украинското снабдување со енергија и критичната инфраструктура, напиша Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека е причинета значителна штета на 26 објекти од енергетската инфраструктура и на четири локации поврзани со нафтениот и гасниот сектор. Украинскиот претседател ја обвини Москва дека не го почитува повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на нападите врз енергетските објекти. Тој го опиша нападот како намерен и со исклучителни размери, истакнувајќи дека „никогаш досега немало толку демонстративно непочитување на Америка од страна на Русија“. Зеленски го повика Трамп да воведе строги санкции против Русија и побара дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои се сметаат за ефикасни против балистички ракети, а со кои Украина располага во недоволен број. Според украинската полиција, пет лица загинале во главниот град Киев. Уште две лица загинале во нападите во Днепропетровската област доцна синоќа и во текот на ноќта, додека шестмина биле повредени. Руското Министерство за одбрана…
SvijetЕК издвојува речиси 170 милиони евра за производство на ракети, беспилотни летала и муниција
Европската комисија објави дека доделува 168,2 милиони евра за осум проекти за зголемување на европското производство на дронови, ракети и муниција. Проектите ќе искористат 1,26 милијарди евра индустриски инвестиции, се вели во соопштението. Финансираните проекти имаат за цел да го забрзаат и зголемат производството на делови за тие одбранбени производи. Се очекува проектите да го намалат времето на производство до 90% и да овозможат годишно производство на над 20.000 тони делови, 3.500 системи за погон на дронови и ракети, 200.000 боеви глави за муниција и 60 милиони муниција од следната година. Инвестицијата ќе го поддржи производството на 17 локации лоцирани во 14 земји од ЕУ и Норвешка и ќе помогне во заштитата на тие објекти од растечки физички и кибер закани, додаде Комисијата. Програмата на ЕУ за промоција на одбранбеното производство има вкупен буџет од 1,5 милијарди евра, од кои половина се наменети за распоредување капацитети во ЕУ, Норвешка и Украина. (МИА)
SvijetГрешки што предизвикуваат појава на влага и мувла во вашиот стан штом ќе започне греењето
Со почетокот на грејната сезона, многу домови се соочуваат со стар проблем: замаглени прозорци наутро, темни дамки во аглите на собите и влажен мирис што е тешко да се отстрани. Разликата помеѓу топла соба и ладни надворешни ѕидови и стакло создава идеални услови за кондензација, што на крајот води до мувла. Во повеќето случаи, проблемот […] The post Грешки што предизвикуваат појава на влага и мувла во вашиот стан штом ќе започне греењето appeared first on Република.
SvijetИма ли нешто за што не сум виновен – вели Филипче по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тој и Заев стојат зад бегството на Михаилова
Претседателот на опозицијата во објавата на социјалните мрежи иронично прашува дали е виновен и за гравитацијата, за... The post Има ли нешто за што не сум виновен – вели Филипче по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тој и Заев стојат зад бегството на Михаилова appeared first on 360 степени.
SvijetЗапленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денеска спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид. Контролата, како што соопштија од АХВ, беше насочена... Текстот Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто е превземен од А1он.
SvijetЕУ сака САД да ги укинат санкциите врз Меѓународниот кривичен суд
Европската Унија би претпочитала САД да се откажат од воведувањето санкции врз Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави денеска портпаролката на ЕУ, Сиобан Мекгари, наведувајќи дека Брисел им дава приоритет на дијалогот и дипломатските активности. „Нашата претпочитана опција би била САД всушност да ги укинат овие санкции“, рече портпаролоката на брифинг за медиумите. На прашањето дали ова значи дека таканаречениот статут за блокирање не е приоритетна опција во моментов, портпаролот одговори дека ЕУ му дава приоритет на дијалогот, но во исто време ги разгледува сите можни мерки за да му овозможи на МКС да продолжи да работи и да ги извршува своите важни задачи. (МИА)