ЕК издвојува речиси 170 милиони евра за производство на ракети, беспилотни летала и муниција

Европската комисија објави дека доделува 168,2 милиони евра за осум проекти за зголемување на европското производство на дронови, ракети и муниција. Проектите ќе искористат 1,26 милијарди евра индустриски инвестиции, се вели во соопштението. Финансираните проекти имаат за цел да го забрзаат и зголемат производството на делови за тие одбранбени производи. Се очекува проектите да го намалат времето на производство до 90% и да овозможат годишно производство на над 20.000 тони делови, 3.500 системи за погон на дронови и ракети, 200.000 боеви глави за муниција и 60 милиони муниција од следната година. Инвестицијата ќе го поддржи производството на 17 локации лоцирани во 14 земји од ЕУ и Норвешка и ќе помогне во заштитата на тие објекти од растечки физички и кибер закани, додаде Комисијата. Програмата на ЕУ за промоција на одбранбеното производство има вкупен буџет од 1,5 милијарди евра, од кои половина се наменети за распоредување капацитети во ЕУ, Норвешка и Украина. (МИА)
Povezane vijesti

Europa želi proizvoditi puno više oružja. Ulaže se 1.26 milijardi eura

EU pokreće veliku proizvodnju oružja: Planiraju proizvoditi čak 60 milijuna komada streljiva godišnje
