klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Клековски: До крајот на годината треба да почне реализацијата на проектите за болниците во Тетово, Штип и Кичево, очекуваме 195 милиони евра за нивно завршување

Клековски: До крајот на годината треба да почне реализацијата на проектите за болниците во Тетово, Штип и Кичево, очекуваме 195 милиони евра за нивно завршување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·14. 10. 2026. 12:12:28

Министерството за здравство заедно со Светска банка и Европската инвестициска банка работи на обезбедување 195 милиони евра заем за завршување на проектите во клиничките болници во Штип и Тетово и Општата болница Кичево и очекувам до крајот на годината Владата да го склучи аранжманот со што ќе почне реализацијата на трите долгоочекувани проекти, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. Одговарајќи на прашањето на пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт за, според неа, блокада за инвестиции во Клиничката болница - Тетово, тој нагласи дека неодамна е решен и долгогодишниот проблем со договори на дело во оваа институција и нивна трансформација во редовни вработувања. - Јас лично заедно со мисијата на Светска банка и Европската инвестициска банка бев во Клиничката болница - Тетово на крајот на јули оваа година. Пред 10 дена ја имавме втората мисија и се надевам дека до крајот на годината Владата ќе го има склучено аранжманот со Светска банка и Европската инвестициска банка, што ќе треба да овозможи да се започне со спроведување на овие три долгоочекувани проекти од наша страна. Во тоа соработуваме и со раководството на Клиничката болница - Тетово и со раководството на Општина Тетово, рече…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti