klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

„Рацете што ја чуваат традицијата“ – изложба на рачни изработки во Валандово

„Рацете што ја чуваат традицијата“ – изложба на рачни изработки во Валандово
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·14. 10. 2026. 12:11:19

Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово утре напладне организира изложба на рачни изработки под наслов „Рацете што ја чуваат традицијата“, по повод Меѓународниот ден на руралната жена – 15 Октомври. На настанот, кој ќе се одржи во просториите на Домот на културата „25 Мај“, се поканети да учествуваат жените од Валандово и околните населени места, кои ќе имаат можност да ги претстават своите рачни изработки, традиционални ракотворби и предмети изработени со стари техники. Јавниот повик е упатен до сите кои знаат да плетат, везат, да изработуваат традиционални ракотворби, да создаваат предмети со стара техника, или пак да споделат нешто што го чуваат дома, а кое е поврзано со посебна приказна или спомен. - Зад секој вез, плетиво или рачна изработка стојат време, трпение, знаење, љубов и една жена која го чува она што го наследила од својата мајка, баба или претходните генерации. Затоа не сакаме само да ги изложиме нивните изработки, туку сакаме овие вредни жени да ги раскажат и своите приказни, велат од Локалниот женски совет за традиција и рурален развој во Валандово. Со оваа иницијатива организаторите имаат цел да го зачуваат и промовираат традиционалното женско творештво, да ги истакнат вештините и креативноста на руралните…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti