Sport2581 vijesti
SportМексико го победи Еквадор и се пласира во осминафиналето на Мундијалот
Фудбалерите на Мексико обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026. Екипата на Хавиер Агире во шеснаесетфиналето на култниот стадион „Ацтека“ го совлада Еквадор со 2:0 и ја продолжи мундијалската приказна пред своите навивачи. Головите за Мексико ги постигнаа Хулијан Кињонес во 22. минута и Раул Хименес во 31. минута. Со оваа победа, Мексико остана непоразен на Светските првенства на „Ацтека“, а воедно ја запиша и втората победа над Еквадор на Мундијалите. Претходно Мексиканците славеа против оваа селекција и во 2002 година, а Еквадор останува единствената јужноамериканска репрезентација против која Мексико има победа на најголемата фудбалска сцена. Натпреварот доцнеше еден час поради невреме и грмотевици, а првата сериозна шанса ја имаше Мексико во седмата минута. По центаршутот на Луис Ромо, Раул Хименес шутираше со глава од непосредна близина, но топката заврши покрај голот. Нова можност следуваше во 16. минута, кога Гилберто Мора се обиде од косо да го погоди подалечниот агол, но беше непрецизен. Еквадор првпат посериозно се закани две минути подоцна. Џон Јебоа упати силен удар, но топката ја погоди стативата и заврши во гол-аут. Мексико поведе во 22. минута преку Хулијан Кињонес, кој со силен удар го погоди поблискиот агол од голот на Еквадор. Предноста беше удвоена во…
Интер официјално се ослободи од четири играчи
Актуелниот шампион во Серија А, тимот на Интер и официјално во иднина ќе биде без следните четири играчи. Голманот Јан Зомер, Франческо Ачерби, Стефан де Вриј и Матео Дармијан повеќе не се дел од клубот и во иднина ќе ги гледаме во нова средина. Тимот оди во друг правец кој што не ги вклучува горенаведените, […]
SportДва гола на Мбапе во убедливата победа на Франција на СП
Франција ја оправда фаворитската улога против Шведска во првиот 1/16-финален натпревар на Мундијалот. На дуелот одигран на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Французите славеа победа со 2:0 и обезбедија пласман во осминафиналето. Француските фудбалери во текот на целиот меч доминираа на теренот. Два од трите гола за Французите ги постигна Килијан Мбапе, кој три пати ја затресе шведската мрежа. Сепак голот во 21.минута беше поништен поради офсајд. Затоа во 45.минута Мбапе ја измеша шведската одбрана во нивниот шеснаесетник за водство на Триколорите од 1-0. Предноста беше дуплирана во 53.минута кога Бредли Баркола ја искористи прекрасната асистенција на Мајкл Олисе. До третиот гол се чекаше до 74.минута кога Мбапе со својот шести гол на Мундијалот, зголеми на 3-0, што беше и конечен резултат. Следен противник на Франција во осминафиналето ќе биде репрезентацијата на Парагвај, која претходно ја елиминираше Германија.
SportКуман си замина по елиминацијата од Мароко: Холандија остана без селектор
Роналд Куман повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. Искусниот стручњак соопшти дека поднесува оставка еден ден откако неговиот тим беше елиминиран во шеснаесетфиналето на Светското првенство 2026, по поразот од Мароко по изведувањето пенали. „Синоќа донесов одлука да го завршам мандатот како селектор на репрезентацијата на Холандија“, напиша Куман на Инстаграм. Холандскиот стратег се најде на удар на жестоки критики по елиминацијата, пред сè поради тактичката одлука во нокаут-фазата да ја промени формацијата. По системот 4-3-3, кој на Холандија ѝ донесе две победи и едно реми во групната фаза, против Мароко се одлучи за поставеност 5-2-3. Таквиот потег не даде резултат. Мароко во голем дел од натпреварот ја контролираше играта, а Холандија во судиското продолжение прими гол за израмнување. Во продолженијата „лалињата“ беа во подредена позиција и имаа многу среќа што не примија уште еден гол пред пенал-серијата, во која на крајот беа елиминирани. Куман и по натпреварот ја бранеше својата одлука, истакнувајќи дека повторно би го избрал истиот тактички пристап. Сепак, тогаш не сакаше да зборува за продолжување на договорот, кој му истече со завршувањето на настапот на Холандија на турнирот. „Ме боли што мојот период во репрезентацијата завршува на ваков начин. Сите сонувавме за Светско…
SportРоналд Куман поднесе оставка, Холандија ќе добие нов селектор по СП
Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, официјално поднесе оставка од својата функција по елиминацијата во првата елиминациона фаза на Светското првенство. Холандија доживеа елиминација од селекцијата на Мароко по изведување на пенали со резултат 3-2, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1. Како холандски селектор се врати во 2023 година како наследник на Луј ван Гал. Куман ја предводеше Холандија на вкупно 64 натпревари, со што се наоѓа на второто место на вечната листа зад Англичанецот Боб Гленденинг.
Сестина: Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично!
Нејт Сестина е подготвен за првиот настап во дресот на македонската сениорска репрезентација. По повредата на раката која го спречи да дебитира во февруарскиот ФИБА „прозорец“, силното крило максимално подготвен го дочека новиот повик и веќе е дел од подготовките на избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал. „Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде […]
Шевченко: Имаме сè поголема бројка наши тенисери кои настапуваат на овој турнир
На терените на ТК Југ до недела се одржуваат мечевите од Macedonian Open 2026, турнир кој оваа година е со награден фонд од 30.000 американски долари, а победникот ќе освои 25 поени. Според програмата, треба да биде комплетирано последното квалификациско коло, а ќе се играат и мечеви во конкуренција на двојки – 1.коло, а сингл […]
SportИвановски: Лина ми дава инспирација за настап на Вимблдон
Прес конференцијата по повод турнирот Macedonian Open што се одржува во Скопје не можеше да ги остави и другите актуелности од тенисот на страна пред се настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон. Покрај директорот на турнирот Горан Шевченко, свое видување имаше и македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски. „Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога игарв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта ми е да настап и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир и со тоа успех на Лина и мислам да направи резултат“, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.
Тенисер од Финска го елиминира Шелтон
Финскиот тенисер Ото Виртанен приреди голема сензација на Вимблдон, откако во првото коло го елиминира деветтиот носител Бен Шелтон по спектакуларен меч во пет сета. Квалификантот и 144. тенисер на светот славеше со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 6-7, 6-2, 7-6), по повеќе од четири часа игра. Откако Шелтон поведе со 2-1 во сетови, Виртанен […]
Чупиќ: Шансата во ЛШ ја гледам во нашата енергија, младост,но и полната сала во Скопје
Тренерот на актуелниот ракометен шампион РК Вардар Иван Чупиќ зборува за првите впечатоци по ждрепката во ЛШ, за силата на ривалите, за тоа каде ја гледа шансата на Вардар и каква порака им испраќа на навивачите пред новата европска сезона. Чупиќ не крие дека во клубот владее големо задоволство поради враќањето во најсилното клупско натпреварување. […]
Мартин Ивановски потпиша за ГРК Охрид
Македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски и официјално е нов ракометар на ГРК Охрид. Средниот бек се враќа во својот матичен клуб и претставува седмо засилување на охридскиот тим во пресрет на сезоната 2026/2027. 25-годишниот Ивановски потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2027/28. Ракометарот, кој е висок 182 сантиметри, во новата […]
SportКако да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)
ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фанов