Ивановски: Лина ми дава инспирација за настап на Вимблдон

Прес конференцијата по повод турнирот Macedonian Open што се одржува во Скопје не можеше да ги остави и другите актуелности од тенисот на страна пред се настапот на Лина Ѓорческа на Вимблдон. Покрај директорот на турнирот Горан Шевченко, свое видување имаше и македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски. „Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон секако и моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога игарв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта ми е да настап и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир и со тоа успех на Лина и мислам да направи резултат“, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.
Povezane vijesti

Ѓоковиќ со поддршка за Лина Ѓорческа на Вимблдон, најави и спектакл со неа и Калин Ивановски во Македонија

Калин: Чест е да се победи пред домашната публика, моја цел е да играм грен-слемови
