klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Куман си замина по елиминацијата од Мароко: Холандија остана без селектор

Куман си замина по елиминацијата од Мароко: Холандија остана без селектор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·01. 07. 2026. 03:38:31

Роналд Куман повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. Искусниот стручњак соопшти дека поднесува оставка еден ден откако неговиот тим беше елиминиран во шеснаесетфиналето на Светското првенство 2026, по поразот од Мароко по изведувањето пенали. „Синоќа донесов одлука да го завршам мандатот како селектор на репрезентацијата на Холандија“, напиша Куман на Инстаграм. Холандскиот стратег се најде на удар на жестоки критики по елиминацијата, пред сè поради тактичката одлука во нокаут-фазата да ја промени формацијата. По системот 4-3-3, кој на Холандија ѝ донесе две победи и едно реми во групната фаза, против Мароко се одлучи за поставеност 5-2-3. Таквиот потег не даде резултат. Мароко во голем дел од натпреварот ја контролираше играта, а Холандија во судиското продолжение прими гол за израмнување. Во продолженијата „лалињата“ беа во подредена позиција и имаа многу среќа што не примија уште еден гол пред пенал-серијата, во која на крајот беа елиминирани. Куман и по натпреварот ја бранеше својата одлука, истакнувајќи дека повторно би го избрал истиот тактички пристап. Сепак, тогаш не сакаше да зборува за продолжување на договорот, кој му истече со завршувањето на настапот на Холандија на турнирот. „Ме боли што мојот период во репрезентацијата завршува на ваков начин. Сите сонувавме за Светско…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti