klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Мексико го победи Еквадор и се пласира во осминафиналето на Мундијалот

Мексико го победи Еквадор и се пласира во осминафиналето на Мундијалот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·01. 07. 2026. 05:58:46

Фудбалерите на Мексико обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026. Екипата на Хавиер Агире во шеснаесетфиналето на култниот стадион „Ацтека“ го совлада Еквадор со 2:0 и ја продолжи мундијалската приказна пред своите навивачи. Головите за Мексико ги постигнаа Хулијан Кињонес во 22. минута и Раул Хименес во 31. минута. Со оваа победа, Мексико остана непоразен на Светските првенства на „Ацтека“, а воедно ја запиша и втората победа над Еквадор на Мундијалите. Претходно Мексиканците славеа против оваа селекција и во 2002 година, а Еквадор останува единствената јужноамериканска репрезентација против која Мексико има победа на најголемата фудбалска сцена. Натпреварот доцнеше еден час поради невреме и грмотевици, а првата сериозна шанса ја имаше Мексико во седмата минута. По центаршутот на Луис Ромо, Раул Хименес шутираше со глава од непосредна близина, но топката заврши покрај голот. Нова можност следуваше во 16. минута, кога Гилберто Мора се обиде од косо да го погоди подалечниот агол, но беше непрецизен. Еквадор првпат посериозно се закани две минути подоцна. Џон Јебоа упати силен удар, но топката ја погоди стативата и заврши во гол-аут. Мексико поведе во 22. минута преку Хулијан Кињонес, кој со силен удар го погоди поблискиот агол од голот на Еквадор. Предноста беше удвоена во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti