Kultura279 vijesti
Kultura„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“
Со вокален раскош, пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија […] The post „Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“ appeared first on Република.
KulturaТриото „Интерарт“ со концерт на Бит Фест – камерна музика во Офицерскиот дом
На БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера. Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата врвна интерпретација и посветеност на камерната музика. Денешната формација ја сочинуваат Александар Стефановски (флејта), Емилија Ристевска Стефановска (флејта) и Татјана Божиновска (пијано) – уметници кои зад себе имаат бројни солистички настапи, концертни турнеи и соработки со Македонската филхармонија. Ансамблот се афирмираше и на меѓународната сцена со освојувањето на престижната „Диплома на честа“ на Torneo Internazionale di Musica во Париз во 2006 година, по што беше поканет да настапи во Рим заедно со најдобрите камерни состави – лауреати од целиот свет. Нивната успешна кариера продолжи со настапи во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција и Соединетите Американски Држави, како и со промоции на три компакт-дискови. Триото е добитник на престижната битолска награда „4 Ноември“, како и признанието „Најуспешни битолчани“, а зад себе има настапи на најзначајните музички фестивали во земјата, меѓу кои Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола…
KulturaПромовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ посветена на големата македонска оперска примадона
Придонесот на Ана Липша-Тофовиќ кон македонската музичка култура и кон создавањето на фестивалот „Охридско лето“ останува трајно запишан за идните генерации преку монографијата посветена на големата оперска примадона, што синоќа беше промовирана во рамки на фестивалската програма. Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“, од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф. д-р Александар Трајковски, е објавена по повод 100-годишнината од раѓањето на уметницата, чиј солистички рецитал во црквата „Света Софија“ на 4 август 1961 година го означи почетокот на „Охридско лето“, фестивал кој годинава одбележува 66 години од своето постоење. На промоцијата на која присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска - Давкова која е покровител на фестивалот „Охридско лето“, се обрати директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, кој истакна дека со монографијата животот и делото на Ана Липша-Тофовиќ добиваат трајно сведоштво. „Несомнено, името на Ана Липша-Тофовиќ е нераскинливо поврзано со ‘Охридско лето’. Нејзината восхитеност од Охрид, а особено од храмот ‘Света Софија’ – неговиот амбиент, духовната енергија и извонредната акустика – ја поттикнала идејата токму овде да одржи целовечерен солистички рецитал. И токму од тој визионерски потфат започнува да се испишува приказната која денес, по 66 изданија, го сочинува богатиот и шаренолик мозаик на ‘Охридско лето’“, рече Цуцковски. Тој додаде дека придонесот на Липша-Тофовиќ не е…
KulturaТриото „Интерарт“ со концерт на БИТ ФЕСТ
Во рамките на програмата на БИТФЕСТ во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера. Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе […] The post Триото „Интерарт“ со концерт на БИТ ФЕСТ appeared first on Република.
KulturaПочнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I
Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезија во Струга започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“. Во текот на пет фестивалски денови публиката ќе гледа филмови од пет натпреварувачки програми: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“ во соработка со... Текстот Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I е превземен од А1он.
KulturaУнгарската музика, фолклор и традиција ќе имаат концертна презентација во Прилеп
Вечер на унгарската култура ќе се одржи на 7 август (петок), од 19:30 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Станува збор за традиционална вечер на која се презентира унгарската музика, фолклор и традиција, а ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија и ќе настапат оркестарот „Рожафа“ … Унгарската музика, фолклор и традиција ќе имаат концертна презентација во Прилеп Read More » The post Унгарската музика, фолклор и традиција ќе имаат концертна презентација во Прилеп appeared first on Слободен печат.
KulturaЌе се реконструира училиштето во Подвис, Кичевско каде почна на наставата на македонски јазик
Националниот конзерваторски центар како дел од Годишната програма за остварување национален интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2026 година го реализира проектот „Истражувачки работи и испитувања во функција на изработка на градежно-конструктивнен проект за реконструкција на објектот – Стара училишна зграда, с. Подвис, Кичевско – II фаза“. Овој објект има посебно […] The post Ќе се реконструира училиштето во Подвис, Кичевско каде почна на наставата на македонски јазик appeared first on Република.
KulturaНа „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“: Благодарение на нејзината визија, македонската култура го добива акустичниот простор на „Света Софија“
Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа 66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, […] The post На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“: Благодарение на нејзината визија, македонската култура го добива акустичниот простор на „Света Софија“ appeared first on Република.
KulturaНа „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“
Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа 66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички... Текстот На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ е превземен од А1он.
KulturaСо доделување на наградите заврши 7. Галичник Филм Фестивал
Со свеченото доделување на наградите и проекцијата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет “ на режисерот Георги М. Унковски, успешно заврши седмото издание на Галичник Филм Фестивал. Во текот на четирите фестивалски дена, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност... Текстот Со доделување на наградите заврши 7. Галичник Филм Фестивал е превземен од А1он.
KulturaХоландска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ниек Бар на виолина и Бен Ким на пијано
Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата […] The post Холандска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ниек Бар на виолина и Бен Ким на пијано appeared first on Република.
KulturaХоландска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ниек Бар на виолина и Бен Ким на пијано
Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, Ориенталниот центар во Шангај и „Гастајг“ во Минхен. Значаен момент во неговата кариера е победата на натпреварот „Оскар Бак“ во Холандија во 2018 година. Бар, кој дебитирал со Ротердамската филхармонија на 16-годишна возраст, денес настапува како солист со водечки оркестри во Холандија и Европа. Особено плодна е неговата долгогодишна соработка со пијанистот Бен Ким, со кого реализирал низа значајни рецитали и снимки. Бар е добитник и на повеќе меѓународни признанија, меѓу кои наградите на конкурсот „Принцеза Кристина“, натпреварот „Бах соло“ во Лондон, наградата „Громек“ на фестивалот „Кронберг“ во Германија и наградата „Кејсер“. Роден е во Ротердам во 1991 година, а образованието го стекнал на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“ во Берлин и се усовршувал во Минхен. Настапува на виолина изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година. Неговиот музички партнер во вечерашниот концерт, пијанистот Бен…