Промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ посветена на големата македонска оперска примадона

Придонесот на Ана Липша-Тофовиќ кон македонската музичка култура и кон создавањето на фестивалот „Охридско лето“ останува трајно запишан за идните генерации преку монографијата посветена на големата оперска примадона, што синоќа беше промовирана во рамки на фестивалската програма. Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“, од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф. д-р Александар Трајковски, е објавена по повод 100-годишнината од раѓањето на уметницата, чиј солистички рецитал во црквата „Света Софија“ на 4 август 1961 година го означи почетокот на „Охридско лето“, фестивал кој годинава одбележува 66 години од своето постоење. На промоцијата на која присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска - Давкова која е покровител на фестивалот „Охридско лето“, се обрати директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, кој истакна дека со монографијата животот и делото на Ана Липша-Тофовиќ добиваат трајно сведоштво. „Несомнено, името на Ана Липша-Тофовиќ е нераскинливо поврзано со ‘Охридско лето’. Нејзината восхитеност од Охрид, а особено од храмот ‘Света Софија’ – неговиот амбиент, духовната енергија и извонредната акустика – ја поттикнала идејата токму овде да одржи целовечерен солистички рецитал. И токму од тој визионерски потфат започнува да се испишува приказната која денес, по 66 изданија, го сочинува богатиот и шаренолик мозаик на ‘Охридско лето’“, рече Цуцковски. Тој додаде дека придонесот на Липша-Тофовиќ не е…
Povezane vijesti

Pretpremijera filma "247 dana" o rušenju Vjesnika

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките
