Триото „Интерарт“ со концерт на Бит Фест – камерна музика во Офицерскиот дом

На БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера. Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата врвна интерпретација и посветеност на камерната музика. Денешната формација ја сочинуваат Александар Стефановски (флејта), Емилија Ристевска Стефановска (флејта) и Татјана Божиновска (пијано) – уметници кои зад себе имаат бројни солистички настапи, концертни турнеи и соработки со Македонската филхармонија. Ансамблот се афирмираше и на меѓународната сцена со освојувањето на престижната „Диплома на честа“ на Torneo Internazionale di Musica во Париз во 2006 година, по што беше поканет да настапи во Рим заедно со најдобрите камерни состави – лауреати од целиот свет. Нивната успешна кариера продолжи со настапи во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција и Соединетите Американски Држави, како и со промоции на три компакт-дискови. Триото е добитник на престижната битолска награда „4 Ноември“, како и признанието „Најуспешни битолчани“, а зад себе има настапи на најзначајните музички фестивали во земјата, меѓу кои Охридско лето, Скопско лето, Интерфест – Битола…
Povezane vijesti

Pretpremijera filma "247 dana" o rušenju Vjesnika

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките
