klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Холандска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ниек Бар на виолина и Бен Ким на пијано

Холандска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ниек Бар на виолина и Бен Ким на пијано
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 08. 2026. 07:50:27

Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, Ориенталниот центар во Шангај и „Гастајг“ во Минхен. Значаен момент во неговата кариера е победата на натпреварот „Оскар Бак“ во Холандија во 2018 година. Бар, кој дебитирал со Ротердамската филхармонија на 16-годишна возраст, денес настапува како солист со водечки оркестри во Холандија и Европа. Особено плодна е неговата долгогодишна соработка со пијанистот Бен Ким, со кого реализирал низа значајни рецитали и снимки. Бар е добитник и на повеќе меѓународни признанија, меѓу кои наградите на конкурсот „Принцеза Кристина“, натпреварот „Бах соло“ во Лондон, наградата „Громек“ на фестивалот „Кронберг“ во Германија и наградата „Кејсер“. Роден е во Ротердам во 1991 година, а образованието го стекнал на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“ во Берлин и се усовршувал во Минхен. Настапува на виолина изработена од Карло Бергонци во Кремона во 1729 година. Неговиот музички партнер во вечерашниот концерт, пијанистот Бен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti