klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Тозиевски: Пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, подобри комунални услуги и реконструкција на улици за развој на Ресен и Преспа

Тозиевски: Пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, подобри комунални услуги и реконструкција на улици за развој на Ресен и Преспа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 10. 2026. 10:24:26

Зад нас е првата година од мојот втор мандат, како градоначалник на Општина Ресен. Ова е можност да се осврнам кон досегашната работа, реализираните активности и предизвиците со кои се соочуваме во изминатава година, како локална самоуправа, истакна на денешната прес конференција Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен. Вториот мандат за мене, пред се, претставува продолжување на обврската за одговорно управување со општината, подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање можности за економски и инфраструктурен развој. Во изминатиот период, фокусот на локалната самоуправа остана насочен кон унапредување на комуналните услуги, подобрување на патната инфраструктура, развој на туризмот и културата, унапредување на образованието и заштита на животната средина. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните. Реконструкцијата и изградбата на улици и локални патишта, унапредувањето на водоводната и канализациската мрежа и подобрувањето на јавните површини се области од особено значење за Општина Ресен. Во изминатава година реализирани се следниве активности во оваа област: Реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti