klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Тоневски: Над 100 милиони денари инвестиции во патишта, водоснабдување и спортска инфраструктура во Пробиштип

Тоневски: Над 100 милиони денари инвестиции во патишта, водоснабдување и спортска инфраструктура во Пробиштип
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·14. 10. 2026. 10:14:03

Помина речиси една година од почетокот на мандатот. Една година во која се соочивме со реалната состојба во која се наоѓаше Општина Пробиштип, со предизвиците наследени од претходниот период, но и со обврската да создадеме цврста основа за идниот развој на Пробиштип и на сите наши населени места. Оваа прва година не ја мериме само низ бројки и реализирани активности. Значаен дел од овој период беше посветен на утврдување на вистинската состојба, поставување јасни приоритети и пред се, стабилизирање на финансиската состојба на општината, вели Тони Тоневски, градоначалник на Општина Пробиштип. -До денес, како резултат на одговорното работење и преземените мерки, вративме над 50 милиони денари од долгот на општината, кој минатата година изнесуваше повеќе од еден милион евра. Финансиското раздолжување не е само сметководствена категорија. Тоа значи создавање на услови општината во иднина полесно да планира, да аплицира за средства, да реализира капитални инвестиции и навремено да одговори на потребите на граѓаните. Но, стабилизацијата сама по себе не е доволна. Затоа, паралелно со финансиското консолидирање, продолживме со работа и на терен. Во текот на оваа година реализиравме и реализираме проекти во вредност од над 100 милиони денари, а пред започнување со реализација се проекти со вкупна вредност од дополнителни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti