Тентов: Инвестираме во иднината на Дојран со реконструкција на главниот пат, подобрено водоснабдување и функционален хидросистем

Измина една година од денот кога вие на локалните избори ми ја дадовте довербата да раководам со Општина Дојран, па затоа чувствувам должност и обврска да се обратам пред сите вас и да ви дадам отчет за сработеното во оваа измината година. Во периодот зад нас, Општина Дојран посветено и макотрпно работеше на реализација на повеќе проекти и активности насочени кон подобрување на инфраструктурата, уредување на јавните простори, подобрување на комуналните услуги , заштита на животната средина, развој на спортот и културата, развој на туризмот, како и поддршка на најмладите, рече Илија Тентов, градоначалник на Општина Дојран, на денешната пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ. Во обраќањето тој истакна дека општината работела на повеќе проекти со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и унапредување на туристичката понуда. „Во делот на инфраструктурата би ги издвоил следните проекти, реконструкција на главниот пат во Стар Дојран. Со добро менаџирање, работа и упорност успеавме да обезбедиме од ЈПДП да се изврши реконструкција на главниот регионален пат во Стар Дојран во должина од 2км. Овој пат е главниот пат кој води до границата со Р. Грција и истиот е многу користен од нашите и странските туристи. Улица која е многу прометна особено во летниот период, а…
Povezane vijesti

Јанков: Струмица се развива со инвестиции во инфраструктурата, нова филтер станица во Банско, велосипедски патеки, парк

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ во фокус наредната година, целта е создавање современ рециклажен центар
