klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Јовановски: Кичево оди напред со конкретни проекти – реконструкција на улици и локални патишта, нови детски паркови и спортски терени во комплексот „Горица“

Јовановски: Кичево оди напред со конкретни проекти – реконструкција на улици и локални патишта, нови детски паркови и спортски терени во комплексот „Горица“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 10:35:52

На 10 ноември 2025 година ја презедов функцијата градоначалник на Општина Кичево. Довербата што ми ја дадовте не ја доживувам како привилегија, туку како обврска — секој ден да работам чесно, одговорно и во интерес на сите граѓани. Граѓаните избраа промена. Избраа општина што ќе биде присутна на терен, институција што ќе слуша и раководство што ќе одговара на преземените обврски, изјави Александар Јовановски, градоначалник на Општина Кичево во отчетот за сработеното кој ви го пренесуваме во целост. „Нашата цел е Кичево да не се дели по населби, села, етничка, верска или политичка припадност. Општината е наш заеднички дом и секој граѓанин мора да има еднаков пристап, еднаква почит и еднакви можности. По повеќе од десет месеци од мандатот, денес давам прв посеопфатен отчет за сработеното. Не тврдиме дека сите проблеми се решени. Но можеме одговорно да кажеме дека Општината работи, дека постапките се движат и дека проектите од планови постепено стануваат реалност. https://www.youtube.com/watch?v=7T6duSxOgJ4 Една од областите во кои беше воспоставена особено интензивна динамика на работа е урбанизмот, градежништвото, заштитата на животната средина и комуналните дејности. Само во периодот од март до август 2026 година, во надлежниот сектор се евидентирани повеќе од 2.170 активности и обработени предмети. Во рамките на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti