Реконструкција на улиците „Никола Карев“ и „Јаким Стојковски“ во Пробиштип

Почна реконструкцијата на дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска изјави дека со реконструкцијата оваа улица добива целосно нов изглед и подобри услови за одвивање на сообраќајот. -Со проектот предвидено е целосно отстранување на стариот асфалт, поставување нова подлога и два слоја асфалт, изградба на потпорни ѕидови и нови тротоари. Доколку временските услови дозволат, веќе следната недела ќе се постави новиот асфалтен слој-рече Тоневски. Средствата за реконструкција на улицата во висина од околу 6.200.000 денари, без ДДВ, се обезбедени од Светска банка. -Паралелно со овие активности, ќе го финализираме и асфалтирањето на дел од улицата „Јаким Стојковски“. Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање поквалитетни услови за живот на сите наши сограѓани-истакна Тоневски.
Povezane vijesti

Тоневски: Над 100 милиони денари инвестиции во патишта, водоснабдување и спортска инфраструктура во Пробиштип

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструираат патни правци и улици, Пробиштип се развива со силно темпо со над 100 милиони денари инвестиции
