Владев: Значајни инфраструктурни и образовни проекти во Свети Николе – реконструирани улици, уредени училишни дворови и обновени фасади

Денеска сакам пред граѓаните на Свети Николе да презентирам конкретен дел од она што го работиме и реализираме во нашата општина. Зад секој проект стои работа, планирање и ангажман, а најважно од сè – одговорност кон граѓаните и кон развојот на нашата општина, рече Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе на прес-конференција што ја пренесуваме интегрално. https://youtu.be/JwKzxcJ70RA „Во 2025 година реализиравме и работевме на повеќе проекти од областа на инфраструктурата, комуналната инфраструктура и образованието. Во делот на патната инфраструктура, реализирани се: – реконструкција на улица во село Амзабегово; – изградба на улица во село Ерџелија; – реконструкција на улици во село Мустафино; – реконструкција на дел од улицата „Карпошева“ и дел од улица „11-та Македонска Бригада“ во Свети Николе; – реконструкција на крак од улица „4-ти Јули“; – изградба на улиците „Петар Поп Арсов“ и „Климент Охридски“ во ДУП „Ливади“; – реконструкција на улица „Ванчо Ангелов“; – реконструкција на дел од улицата „Скопска“, од крстосница со улица „29-ти Ноември“ до крстосница со улица „Младинска“; – реконструкција на дел од улица „Скопска“, согласно проектот. Во делот на водоснабдувањето, во 2025 година е опфатена и изградбата на секундарна водоводна мрежа на дел од УЗ „5“, дел од блок 23, плански опфат…
Povezane vijesti

Николов: Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради

Николоски: Шест автопатски делници се градат истовремено, дел од нив ќе бидат готови до 2029 година
