Показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица во oпштина Ѓорче Петров

Показна вежба за постапување при пожар во Дом за стари лица во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи денеска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи. Вежбата ќе се одржи во Пензионерскиот дом во општината и се организира во духот на овогодинешната глобална тема „Отпорноста започнува дома“, со цел да се истакне важноста на подготвеноста, координацијата меѓу институциите и навремената заштита на граѓаните, особено на повозрасните лица. Предвидени се обраќања и изјави за медиумите од градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. На настанот ќе присуствуваат и директори и претставници на релевантните институции вклучени во системот за заштита и спасување, информираат од општината.
Povezane vijesti

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Отпорноста почнува дома, подготвеноста за поплави може да ги намали ризиците и да спаси животи

Во Скопје одбележан Светскиот ден на поправки под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“
