klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Отпорноста почнува дома, подготвеноста за поплави може да ги намали ризиците и да спаси животи

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Отпорноста почнува дома, подготвеноста за поплави може да ги намали ризиците и да спаси животи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·18. 10. 2026. 08:40:42

Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се одбележува на 13 октомври, годинава е посветен на темата „Отпорноста почнува дома“. По тој повод се организира кампања во рамки на проектот „Подобрена имплементација на Директивата на ЕУ за поплави преку усогласување на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“, ко-финансиран од ЕУ. Во рамки на кампањата денеска ќе се одржи јавен настан во просторот „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, кој ќе биде отворен за граѓаните од сите возрасти и ќе понуди интерактивни и едукативни активности за подготвеност за поплави, домашна итна торба, препознавање на ризиците, и правилно постапување во итни ситуации. Темата ја нагласува важноста на безбедниот дом, информираноста и подготвеноста на семејствата и заедниците за справување со ризиците од катастрофи. Главната порака е дека не можеме секогаш да ја спречиме поплавата, но, можеме да го намалиме ризикот и да се подготвиме да реагираме навреме. -Во фокусот на одбележувањето е пораката дека намалувањето на ризикот започнува со разбирање на опасностите, навремена подготовка и преземање конкретни мерки за заштита. Кога станува збор за поплавите, познавањето на локалните ризици, следењето на предупредувањата и знаењето како да се реагира можат да придонесат за заштита…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti