klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на белиот стап

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на белиот стап
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 11:46:09

Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" и Националниот сојуз на слепи и Зета - Организација за попреченост и правда, денеска, во Собрание организираше настан по повод Меѓународниот ден на белиот стап. Настанот, во улога на модератор го отвори Елена Кочоска која ги поздрави присутните и изрази благодарност до Собранието за организацијата на овој настан. Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, во своето обраќање истакна дека секој човек има право на независен живот, како и на пристап до образование и здравствена заштита. Тој нагласи дека пристапноста не е дополнителна придобивка, туку неопходен чекор кон еднаквоста, повикувајќи на почитување на различностите и отстранување на бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се осврна на предизвиците со кои се соочува училиштето во секојдневното функционирање, како и на спроведените реформи насочени кон создавање услови учениците да се чувствуваат пријатно, да ги извршуваат своите обврски и успешно да се образуваат. Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружението на слепи и лица со оштетен вид…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti