Во Скопје одбележан Светскиот ден на поправки под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“

Светскиот ден на поправки беше одбележан вчера во Скопје под мотото „Поправките ги поврзуваат луѓето“, во организација на Здружението АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА) и Домот за стари лица „Мајка Тереза“. Настанот се одржа по повод 10-годишнината од глобалната иницијатива и третата година од нејзиното одбележување во Македонија, а беше посветен на промоцијата на културата на поправка, одржливото користење на ресурсите и меѓугенерациското поврзување. Како што соопштуваат од АРНО, во рамки на настанот потпишале меморандуми за соработка со МАТА и со Домот за стари лица „Мајка Тереза“, а биле најавени и нови активности преку ИПА-проект насочен кон развој на вештини за поправки, поддршка на зелени бизниси и промоција на одржливи практики. Како долгогодишен партнер и поддржувач на центарот, од Општина Кисела Вода нагласиле дека ваквите иницијативи се клучни за заедницата. - Поправките не претставуваат само начин за продолжување на векот на предметите — тие ги спојуваат генерациите и овозможуваат вредна размена на искуства. Општина Кисела Вода продолжува да биде стабилен партнер, градејќи простор за креативност, едукација и меѓугенерациско поврзување. Нека овој јубилеј биде потсетник дека поправањето е одговорен чин: грижа за предметите, грижа за природата и, пред сè, грижа едни за други …
Povezane vijesti

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце – Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Денеска голема акција за чистење на Скопје
