Мицкоски за проектите на Владата: 2 студентски дома за младите, 6 автопатишта се градат, 2 гасоводи

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, се осврна на клучните проекти коишто се реализираат од страна на Владата. Тој ја истакна изградбата на шест автопатишта, два студентски дома, два гасовода и редица други инвестиции во инфраструктурата, образованието и енергетиката. „Има многу проекти: шест автопатишта се градат, два гасовода, има историско зголемување на пензиите. За младите имаме два студентски дома кои сега ги пуштаме, имаме осум училишни домови кои отпочнуваат со фаза на реализација. Ве поканувам во Ченто, училиштето ‚Крсте Мисирков‘ да го посетите. Не три, туку 1.233 проекти се градат во општините. На државно ниво сѐ што беше оставено и запуштено – дали експресниот пат Страцин – Крива Паланка, дали експресниот пат Градско – Фариш – Дреново, пругата Куманово – Бељаковце, сега втората, па третата фаза до граница со Бугарија, проектирањето на брзиот пат од Кочани преку Виница до Делчево и од Радовиш до Струмица, далекуводот Битола – Елбасан кој беше оставен до никаде“, посочи Мицкоски, набројувајќи ги проектите коишто во изминатиот период се реализирале или биле одглавени и ставени во функција. Дополнително, Мицкоски откри кои проекти посакува да започнат со реализација до крајот на мандатот: „Имам за цел да ставиме камен-темелник на Чебрен и…


