klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 10. 2026. 08:12:16

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ќе соопштат уште една голема и значајна вест за македонската економија. – Нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, нови 2.000 работни места и производство на делови за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Ова е важна вест за нашата економија, но уште поважна за граѓаните, бидејќи зад секое ново работно место стои нова можност, поголема сигурност за семејствата, нова надеж и подобар живот. Ова е нашата програма, ова се нашите цели и вака ја градиме иднината. Со работа, инвестиции и конкретни резултати. Додека ние отвораме нови работни места и создаваме можности, програмата на опозицијата, наместо со проекти и решенија, е исполнета со деструкција, лаги и политички опструкции, напиша Мицкоски. Вели дека разликата постои и секој ден станува сè повидлива. Ние продолжуваме да се бориме за секое работно место, за подобар живот и за нашата заедничка иднина!

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti