Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21 на тема за можни предвремени избори, истакна дека можно е, никогаш не треба да се вели никогаш, но Владата работи за мандат од четири години, иако ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш е подготвена за избори. Премиерот Мицкоски додава дека во политиката никогаш не треба да се вели никогаш, тоа е најголемата грешка што поединци ја прават, односно дека секогаш треба да имате подотворена врата за секоја политика. -Тоа што сакам да го кажам и го кажувам е дека оваа Влада има мандат од четири години. Еве, ние зборуваме за до крајот на мандатот зарем може просечната плата да биде 60.000 денари. Јас велам: може да, може не, но ќе сториме сѐ за да се приближиме до таа граница од 60.000 денари. Така што, ние сме подготвени секогаш за избори како политичка партија, но работиме за целосен мандат од четири години, за што сме го добиле легитимитетот од граѓаните, потенцира Мицкоски. Во врска со коалицискиот партнер ВЛЕН во Владата, премиерот Мицкоски истакна дека е многу задоволен од нивните министри и сѐ функционира партнерски. „Ние функционираме партнерски во Владата, јас сум задоволен од работата на луѓето од ВЛЕН. Апсолутно сум многу…
Povezane vijesti

Северна Кореја тестираше ракети од под вода: Нов сигнал за развојот на нејзината морнарица

OGLASILA SE VLADA RH NAKON SRAMOTNIH POVIKA U SPLITU: „Snažno osuđujemo slavljenje nacističkog režima!”
